Во петок (20.12.2013) во Музејот на Град Скопје со почеток во 20 часот, ќе се одржи доделувањето на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2013 година. Традиционален покровител на наградата е Претседателот на Република Македонија. Свеченото доделување на наградата го организира Асоцијацијата на архитекти на Македонија, во рамки на традиционалната новогодишна средба на архитекти. Големата годишна награда, годинава се доделува по 37. пат, а истата претставува преглед на архитектонските дела во тековната година и валоризација на најуспешното достигнување во архитектурата.