Насловна / Архитектура / ААМ: Бојкотот на АСК 2015 – одговор на потценувањето на професијата и творештвото

ААМ: Бојкотот на АСК 2015 – одговор на потценувањето на професијата и творештвото

SKO1_1_Skopje08

ААМ во септември повика на бојкот на традиционалната манифестација „Архитектурата на град Скопје“ АСК 2015, по повод празникот на градот 13 Ноември во организација на Градот Скопје.

Единствената цел на ААМ со бојкотот беше да се заземе став, да се создаде стручен критерум и да се почитува квалитетно архитектонско творештво, се вели во соопштението од ААМ.

Познато е дека Градот Скопје е непосредно инволвиран во сè што се случува со урбанизмот, архитектонското творештво и архитектонското наследство во нашиот град.

ААМ смета дека е неодговорно и нестручно да се учествува на манифестација која ја организираат истите оние што ја потценуваат архитектонската професија и покажуваат непочитување кон архитектонското творештво.

ААМ смета дека Градот Скопје нема ниту стручност да процени, ниту мудрост да препознае, ниту став и храброст да вреднува квалитетна архитектура.

Се покажа дека ААМ била во право, манифестацијата „Архитектурата на град Скопје“ АСК 2015 не се одржа бидејќи никој не се пријавил да учествува.

Асицијацијата на архитектите на Македонија изразува голема благодарност до сите нејзини членови и останати колеги архитекти кои го поддржаа бојкотот на ААМ и зазедоа јасен, недвосмислен став и рекоа „не“ за потценување на професијата и творештвото.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top