ААМ испрати соопштение во кое ги известува своите членови дека по повод конкурсот за нова Градска болница, Управниот одбор на ААМ до Министерствто за здравство на 15.06.2018 испратил допис/реакција за продолжување на рокот и зголемување на наградниот фонд. Од Асоцијацијата на архитекти додаваат дека се во исчекување на одговор од страна на министерството. Одговорот ќе биде проследен до членовите во моментот кога ќе биде доставен.