Насловна / Совети / Едноставен Комфор

Едноставен Комфор

spalna-soba.jpgНашата спална соба по димензии не е мала, 3,90×4,80м., но сепак во неа се чуствуваме стеснето. Има прозорци по целата должина на ѕидот со висок парапет. Ви праќаме основа на собата и ве молиме за идеја за предупредување.

 

Во натпреварот за успех,
заработка и преживување
страда можноста на со-
времениот човек за ми-
рен сон и одмор.
Спалната соба секако е основа
за квалитетен одмор како услов за
нормално, социјално, психолошко,
професионално и емотивно функ-
ционирање.
Правилна е вашата одлука за
преуредување на спалната
соба за таа да стане вистински
велнес центар за вас. Просторот
оптимално ќе се искористи
со сместување на облеката и
постелнината во плакари, комоди
и фиоки. Јапонците се мајстори
за искористување на просторот,
па на собата дајте ñ јапонски стил
на уредување. Но, без разлика
за кој стил на уредување ќе се
определите, важно е сите елементи
кои се користат во просторијата да
бидат со адекватни пропорции. Тоа
значи, размерите на предметите
да бидат прилагодени на намената
– големината на креветот, зафат-
нината на плакарот, површината
на полиците. Наместо завеси,
пред прозорците и маските за
радијатор од натур дрво, поставете
лизгачки панел завеси. Тие не одат
до подот, туку под нив е направена
клупа со широчина 40 см. која
служи за седење и како полица.
Наспроти креветот што има фиока
за постелнина, се наоѓа комода
со фиоки за ситни делови од
облеката. Во аголниот плакар, лево
од вратата, сместена е останатата
гардероба. Добро организираниот
плакар е клучен за намалување на
нередот во собата. Главен елемент
на секоја спална соба, секако,
е креветот. Меѓутоа, потрагата за
идеална комбинација за спиење
не завршува со правилен избор
на рамка на подлогата и душекот.
Следува постелнината што не
треба само да делува убаво,
туку да е пријатна и здрава за
организмот. Воедно, таа е еден од
клучните детали за креирање на
стилот и атмосферата во спалната
соба. Избегнувајте закачување на
слики по ѕидовите. Определете
се за натур дрво, светол под и
таваници и материјали лесни за
одржување.

 

Билјана Стевковкса – Савиќ,
дипл. инж. арх.

[email protected]

 

Испрати коментар

Scroll To Top