Фабриката за откуп, преработка
и складирање на тутун Сокомак
АД Битола, чија вредност
е околу 40 милиони евра, е
една од најголемите странски
инвестиции во државава
последниве години. Нејзината
изградба беше предизвик,
како од конструкциски, така и
од градежен аспект. Генерален
изведувач беше словенечката
компанија ТРИМО, односно
нејзината фирма во Македонија.
Производствената хала е
главниот објект во комплексот,
кој е еден од најголемите од
овој тип на Балканот. Има димензии
202.50 м/44.80 м и променлива
височина од 8.30 м до 12.40 м. Во
производствената хала се одвива
целиот процес за обработка на
тутунот. Таа со звучно отпорен ѕид
кој спречува бучава од 85 Db, е
поделена на две целини: бучен дел
и дел каде што работат најголемиот
дел од работниците. Халата има 4
влезови кон соседните магацини,
влез кон нетутунскиот магацин и
три влеза кон администрацијата. На
североисточната страна објектот
се граничи со филтерница.
Нетутунскиот магацин кој е
наменет за чување амбалажа,
се наоѓа на североисточната
страна од производствената
хала и е решен како анекс.
Административниот блок претставува
посебна функционална целина,
со приземје и кат. Од него,
преку прозорци ориентирани
кон производствената хала
може да се врши контрола на
производствениот процес.
конструктивно решение
Објектот има темели и подна плоча
од армиран бетон, а вертикалната и
покривната конструкција се изведени
со челични носачи. Челичните
столбови од различни челични
профили од HEA, HEB до IPE (на пр.
HEB 450 и IPE 330HEA 160) имаат
распон од 12.00 м и 16.00 м , а во
подолжниот правец се 4.0 м до
4.50 м. Покривната конструкција
е главно од IPE 400 и IPE 220.
Плочата кај оперативната
администрација над приземјето
е од HIBOND систем со вкупна
дебелина од 15 см. Таа налегнува
на хоризонтални IPE 450 и IPE
400. Армиранобетонската подна
плоча е со дебелина од 20 см со
исклучок на делот кај пресата,
каде таа е здебелена на 40 см. Во
делот кај истата преса е направено
подигнување во покривот со челична
конструкција со кутијасти профили.
Производствената хала е
конструктивно поделена со
дилатации широки 10 см, а
дилатиран е и објектот на
оперативната администрација.
Градежно занатски работи
Фасадните ѕидови се изведени од
панели тип ТРИМОТЕРМ FTV120 -12
см, составени од 2 профилирани
поцинкувани боени метални
лимови со исполна од незапалива
повеќеслојна минерална волна од
класата А1. Сите три слоја сочинуваат
компактен сендвич елемент
кој пружа потребна носивост и
непропустливост. Јадрото на панелот
од неговата минерална волна пружа
одлична топлинска заштита и звучна
изолираност на панелот, како и
висока отпорност на пожари. Овие
панели овозможуваат остварување
на единствени решенија за голем
број на современи архитектонски
нацрти, било да се во прашање
деловни, трговски, спортски или
индустриски објекти. Исто така,
дефинираните форми, грижливо
одбраните материјали и техничките
особини го скратуваат времето
на градење на објектите и даваат
одлични визуелни резултати.
Панелите се поставени на монтажни
АБ парапети со дебелина од 26 см
(бетон + термоизолација) и висина
од 150 см. Ѕидот што служи за звучна
заштита и ја дели производствената
хала на два дела, се состои од полна
тула од 25 см на која од двете страни
се поставени гипс картонски плочи
на потконструкција и облога од
лим. Ѕидот помеѓу администрацијата
и производствената хала е од
керамички блокови од 20 см. Toj кон
административниот блок е обложен
со гипс, а кон производствената хала
покрај ѕидот од керамички блокови
се монтирани панели ТРИМОТЕРМ
FTV12 со дебелина со 12 см.
Во оперативната администрација,
исто така се предвидени уште два
типа преградни ѕидови и тоа од
керамички блокови со дебелина од
12 см обработени со гипс картон
или малтерисани, а предвиден е исто
така и преграден ѕид тип КНАУФ W
112 со исполна од термоизолација.
Над производствената хала,
нетутунскиот магацин и
филтерницата има покрив панели тип
ТРИМОТЕРМ SNV 12 см составени
од 2 профилирани поцинкувани
боени метални лимови со исполна од
незапалива повеќеслојна минерална
волна од класата А1. Истите покривни
панели со дебелина од 12 см и
поставени на челични рожници се
и кај оперативната администрација.
Производствената хала, нетутунскиот
магацин и филтерницата имаат
индустриски под тип СИКА-ШАПДУ,
поставен врз АБ плоча изолирана
со ХИДРОМАЛ-ФЛЕКС. Приземјето
е обработено со топол под тип
ХОЈГА во парчиња од 60/60 см
во канцелариите и керамички
плочки од 0.8 см во ходникот
и лабораторијата. На катот врз
армиранобетонската плоча од 15
см е поставен пливачки под од
стиропор од 2 см, полиетиленска
фолија и цементна кошулка.
Инвеститор: Сокомак АД Битола
Локација: Драгожане Битола:
Проектанти:
Методи Хаџи-Андонов, Љубица Будимовска- Динева