Градот ќе обележува нови
велосипедски патеки во Општина Аеродром, но нема само да
бојадисува
дел од тротоарите, како досега,
туку ќе ја унапредува нивната безбедност и проточноста
на сообраќајот. Ова го содржи проектот за примена на основниот план за употреба на велосипедите, кој го потпишаа градоначалникот Трифун Костовски, амбасадорката на Холандија Симоне Филипини, министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи и претставници од невладината организација “Проактива”.