Секое место има некоја репутација. Таа може да биде позитивна, негативна или како во повеќето случаи комплексна. Врз репутацијата на некое место влијаат многу фактори кои не мора да имаат директна врска со архитектурата на градот, како што се социјалните, политичките или хигиенските услови. За разлика од репутацијата, првата импресија за накој град има врска со изгледот на самиот град, архитектурата, зградите, улиците, парковите и со сите останати елемнти кои го формираат тој град.
Српскиот архитект Милутин Борисављевиќ (1889-1969) во својата книга "Златни пресек и други есеји" вели: "… Се чини дека сите досегашни естетичари ја негираа можноста за постоење на научна естетика, тврдејќи дека естетското чувство е чисто индивидуално и укажуваа дека de gustibus non est disputandum (за вкусовите и боите не се дискутира). Таквото мислење е погрешно. Луѓето, секако, не се идентични, но не се ни различни: тие се, значи, слични. На основа на таа сличност, тие го создаваат човечкиот вид. Според тоа, научната естетика е возможна. Таа сигурно нема да биде за поединечен вкус, туку наука за општиот вкус условена со статистика …"
Бидејќи луѓето се слични, тие со векови ги прераскажувале убавините на градовите што ги посетувале, се раскажувало за светлата на Париз, каналите на Венеција, уметничкиот дух на Фиренца и импресиите за многу други градови. Колку е архитектурата битна за изгледот на градот се гледа и од желбата некои градови да бидат драматично реконструирани. Со планот на барон Осман од средината на 19 век, Париз потполно го променил тогашниот изглед во модерен град со широки булевари, италијанските архитекти работеле проекти за новата престолнина на Русија Санкт Петерсбург, Хитлер сакал потполно да го промени изгледот на Берлин. А денес, градовите во Азија во потполност го менуваат својот изглед, како од урбанистички причини така и од желбата на арапските шеици да го импресионираат светот со новата слика на своите градови. Според некои податоци, Белград е рушен околу четириесет пати. денешниот изглед на градот речиси и нема допирни точки со цртежите на
Белград од периодот на 16 и 17 век, на кои се гледа дека Белград имал долен и горен град опкружен со ѕидишта што се наоѓале покрај бреговите на дунав и на Сава, со типична средновековна организација на просторот, неправилни тесни улици, збиени згради, високи кули на црквите и плоштади на кои се одвивал јавниот живот на градот. Белградската тврдина сè уште постои со видливи остатоци од градот што некогаш се наоѓал во рамки на нејзините ѕидишта. После три века турско владеење Белград е ослободен, и во 1841 година станува престолнина на Кнежевство Србија кога почнува и неговиот развој. Белград е граден според правилен план со прави и широки улици и булевари кои формираат правоаголни блокови со правилни парцели. Во тоа време, Белград доживува една од најзначајните промени во својата историја, ја добива управната зграда на Србија, која во 1882 година станува кралство. Се гради железничка станица, железнички мост на Сава, водовод, воведено е електрично осветлување и тргнал првиот трамвај. Значаен настан за архитектурата во Белград индиректно била и Октомвриската револуција во Русија, кога голем број архитекти доаѓале во Кралството СХС. Благодарејќи на образованието што го имале, руските архитекти добивале работи на изградба на монументални градби за потребите на дворот и државата. Некои од делата што и денес имаат голема улога во изгледот на Белград се зградата на Владата на Србија, Министерството за надворешни работи, ентериерот на Народна Скупштина (Градско со брание), Стари двор, Хотел Москва, Хотел Балкан …
Во овој период Белград се развива како и другите европски градови. Покрај монументалните згради со неокласичен стил, тој добива и многу дела кои припаѓаат на рационалниот правец во архитектурата кој е присутен во европа во тој период. После Втората светска војна, Белград забрзано се шири и се развива. Освен обновата на срушените делови на стар Белград, се гради и Нов Белград, се исполнува празниот простор на рамнината помеѓу Белград и Земун. друмскиот сообраќај добива сè поголемо значење, така што улиците добиваат нов изглед приспосо бен на новите транспортни средства, автомобили, автобуси и тролејбуси. Така, Белград станува еден голем мозаик во кој на едно место можат да се видат остатоци од среднове ковна тврдина, монументални градби од некогашното кралство, се цесија во архитектурата, предвоен рационализам и интернационален стил на повоената архитектура, турска калдрма и модерни сообраќајници. Сите тие елементи ја создаваат сликата на градот, кои доминираат во помала или поголема мера во зависност кој ги посматра тие елементи.
Со почетокот на распаѓањето на бивша југославија, Белград доживува голем естетски пад. Како многу значајни елементи на градскиот пејзаж се појавуваат продажни киосци и многу изразени нелегални доградби на зградите. Покрај затворањето на терасите и доградби на цел кат на зградите, познати се и многу екстремни примери. Така, на белградската Карабурма инвеститорот на зграда од два ката доградил уште плус четири. Нормално, постоечката конструкција на зградата тоа тешко би го издржала, па однадвор се додадени бетонски столбови кои треба да го издржат товарот. друг одличен пример на дивоградба беше изградба на куќа со кос кров на кровот на станбена зграда од шест ката. Не постои дел од Белград кој нема пример на дивоградба. Белград доби и таканаречена најголема дива населба на Балканот – населбата Калуџерица што во потполност е изградена без градежна дозвола. Последните десетина години обемот на дивоградби е намален, најпознатата куќа на зграда е срушена, но Белград во тој период добива нова "естетска чума". Тоа се рекламните билборди. Почна со сомостојни билборди (печурки) кои стојат на празен простор. Покрај периферните делови од градот каде што инаку и стојат билборди, во Белград билбордите имаат значајно место и во самиот центар на градот. Освен класичните билборди, белградските бандери покрај сообраќајниците имаат и рекламни паноа.
Автобуските стојалишта исто така имаат рекламни билборди, а се забележува и голем број на помали билборди кои изгледаат како надворешно автобуско стојалиште. За да бидат работите уште полоши, голем број автобуси на јавниот градски превоз во потполност се средени и изгледаат како една голема подвижна реклама бидејќи нивните стаклата се прекриени. инвентивноста во рекламирањето се гледа и во тоа што на многу згради се наоѓаат огромни перфорирани рекламни паноа врз дел од фасади каде има прозорци. Ако притоа се додадат и елементи кои се присутни и во другите градови, како што е поставување на светлечки реклами на крововите од зградите, може да се дојде до заклучок дека белграѓани се опкружени со реклами. Без разлика во кој дел од градот се наоѓаат, некои од овие елементи ќе бидат присутни, а на накои места сите тие елементи можат да се најдат наеднаш. Голем број слики, реклами за банки, мобилни оператори, минерални води, продавници за техника, супермаркети, кафе и други работи секојдневно се присутни. Билбордите станаа составен елемент на сликата за Белград, и скоро веќе никој не ги приметува како нешто туѓо, нешто што не се вклопува или ја нарушува сликата за градот. јавното рекламирање постои во многу градови низ светот. Некои од локациите се и светски познати по тоа, како плоштадот Piccadilly Circus во Лондон или Times Square во Њујорк, каде што се наоѓаат голем број реклами или дигитални билборди на самите згради. Впечатокот е дека Белград нема јасно дефинирана регулатива каде и како можат да стојат билборди. Така, може да се случи неколку билборди да стојат во ред еднододруго, или да го нарушат сообраќајот бидејќи ги затскриваат семафорите, а често го одвлекуваат вниманието на учесниците во сообраќајот.
Покрај естетскиот мозаик на улиците, различните елементи на градскиот пејзаж како и архитектурата од различни стилови, кои впрочем и придонесуваат за неговата автентичност и го креираат неговиот идентитет, Белград има несреќа што му се наметнати голем број рекламни елементи кои агресивно доминираат со улиците. Сето тоа придонесува кон уште поголема конфузија и обезвреднување на убавините што Белград ги поседува, а кои фигуративно се наоѓаат под рекламните паноа и зад рекламните билборди. Фигуративно речено, белграѓани на сето ова гледаат низ ситни дупчиња на рекламите што ги прекриваат градските автобуси, а она што пропуштаат да го видат додека се возат со градскиот превоз секогаш можат да го видат на автобуските стојалишта и на бандерите покрај сообраќајниците. да не биде премногу старомодно, во последните неколку месеци се поставени неколку дигитални билборди низ Белград. Некому и тоа му е малку. Наскоро Србија ја очекуваат избори, така што градските улици ќе бидат полни со пароли и насмеани лица на политичари. Од тие пароли и лица, белграѓани нема да можат да си го видат градот, онака како што сакаа оние луѓе кои ги поставиле темелите на модерниот Белград пред повеќе од сто и педесет години.