Насловна / Градежништво / Авангардна креација со коси ѕидови-завеси

Авангардна креација со коси ѕидови-завеси

avangardna_kreacija.jpg

Вредности на High Selective Superneutral 62: Трансмисија или пропусност на светло Ti= 61.3%, Рефлексија на светлина Ri = 14.2%, Вкупна пропусливост на енергија Solaren, Faktor (g-вредност) DIN 67507= 31.2%, Коефициент на засенчување (=g_DIN/0.87) (#) = 0.36, Пропусливост на топлота или коефициент термопроводливост, U-вредност (W/m2K) (EN 673) = 1.1
Авангардна архитектонска креација која има за цел да создаде уникатен белег и препознатлив изглед на објектот на централната деловна зграда Стопанска банка АД, е целта на архитектот Виктор Михајлов при обликувањето на фасадата на овој објект што се наоѓа во строгиот центар на градот, на локацијата ограничена со Кеј "13ти Ноември", плоштадот Македонија и Градскиот Трговски Центар. Интегрирајќи ги најсовремените технолошки достигнувања од областа на технологијата за изработка на фасади и ставајќи акцент на квалитетот на работниот простор кој се добива со понуденото решение, тој создал проект кој опфаќа неколку витални аспекти како одраз на квалитетот на современото деловно работење:

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ на предложеното фасадно решение со третман на аспектите на термичка излолација, заштеда на енергија, аспект на зачувување на животната средина. При планирањето на фасадата на објектот предвид се земени највисоките стандарди за енергетска ефикасност на светско ниво, но и законската регулатива за Заштеда на Енергија на Република Македонија која стапи на сила во 2010 година. Обликувањето на завршната обвивка се карактеризира со внимателно позиционирање на фасадните елементи со висок коефициент на топлопроводност, а покривот на објектот со цел задоволување на стандардите за заштита на човековата средина е планиран како "зелен покрив".
avangardna_kreacija_1.jpg
СОНЧЕВА РАДИЈАЦИЈА и заштита од директно зрачење на сонцето. Системот на фасадата е во согласност со: анализите направени за упадот на сончевите зраци во објектот, нивото на сончева радијација што објектот ја има во текот на целата година и интензитетот на упаднати сончеви зраци. Предложеното фасадно решение со блага закосеност на внатрешниот дел на фасадата е софтверски третирано. Како дополнителна заштита е предложен систем за активна заштита – подвижни венецијанер метални ролетни.
avangardna_kreacija_2.jpg
АКУСТИЧНА ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТОТ: Согласно стандардите за деловно работење фасадата има степен на акустична заштита од 65дБ. Вака планираното решение овозможува беспрекорни услови за ефикасна и продуктивна работа во објектот.

ИЛУМИНАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ: Фасадата е замислена како интегрален систем со елементи за илуминација на објектот. За да се нагласи атрактивноста на објектот и уникатниот архитектонски израз, се предвидуваат два система за активна и пасивна илуминација на објектот (во тек на работното време и по завршување на работното време), а целиот систем претставува нископотрошувачки систем на електрична енергија.
avangardna_kreacija_3.jpg
ПОКРИВНИ ПОВРШИНИ: Сите покривни површини се третирани со тип на зелен покрив од производната палета на KORUS – Kalzip. Усвоениот сендвич лим со завршна обработа – зелен покрив претставува системско решение кое има за цел да ги обезбеди сите својства за акустична, термичка заштита, хидроизолација со парни брани, а завршната обработка е планирана како проодна површина со богата вегетација. Вака планираните кровни површини ги задоволуваат највисоките стандарди за енвајронментален пристап во градежништвото.

КОНСТРУКЦИЈА: Самоносечка, во целина застаклена, топло изолирана фасадна конструкција од алуминиумски профили. Хоризонталните и вертикалните профили се "повеќекоморни" и можат да вршат одводнување на конструкцијата што се постигнува со преклопување на профилите. На контактите помеѓу хоризонталните и вертикалните носачи се вметнуваат дилатациони сунѓерести гуми, кои ќе обезбедат непречени дилатации на хоризонталните профили како последица на температурните промени, а воедно нема да ја преминат нивната визуелна граница. За иста цел може да се користи и PVC манжетна која делумно излегува надвор од визуелната граница на хоризонталниот профил. Спојницата на ова место е таква да спречи евентуална торзија на хоризонталните профили од тежината на стаклото. Прицврстувањето за вертикалниот профил се врши со не ‘рѓосувачки штрафови од челната страна. На продолжетоците од вертикалните носечки профили се поставуваат PVC канали кои обезбедуваат водонепропустливост во внатрешноста на профилот. Местата на спојот се заливаат со Schüco Diht+ i Schüco Flex 2 заптивни маси.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА СИСТЕМОТ: Состав на профилот е AlMgSi0,5 F22 според EN AW – 6060. Толеранција на обликот на профилот според EN 12020 – 2. Сноп на профили со коефициент Uf = 1,40 – 2,30 W/m2K според EN 12412 – 2 или Uf = 1,20 – 1,80 W/ m2K според DIN EN ISO 10077 – 2. Звучна изолација според DIN 4109. Водонепропустливост според EN 12154 (KI. RE 1200). Пропустливост на воздух според EN 12152 (KI. AE). Отпорност на удар на ветар според EN 12179 – 4. Противпровалност според DIN ENV 1627 (WK2) и DIN V 18054 (EF1). Непробојност според EN 1522 – 1 (M3/FB4). Сигурност од испаѓање според DIN EN 12600 и TRAV (категорија А). Дихтунзи EPDM според DIN 7863 (-30 до +80 степени).
avangardna_kreacija_4.jpg
ЗАСТАКЛУВАЊЕТО на сите позиции на објектот се состои од две целини : Надворешната фасада која се носи на inoxna spyder-носечка конструкција потпрена на иноксни носачи и исполна од транспарентно стакло- калено+ ламинирано стакло 10.8.2 Guardian Phoneguard (со две фолии звучно заштитен Polyvinyl-Butyral меѓуслој). Внатрешното стакло лежи на алуминиумска носечка конструкција (тип Schueco во еден дел FW 50+ и во друг дел и исполна од термопакет : 6мм калено SunGuard High Selective Superneutral 62 – 16 Argon – ламинирано стакло 5.5.2 Phoneguard (со две фолии) Предложениот тип на стакло е: SunGuard High Selective Superneutral 62 со мек нанос и со одлични Low-e перформанси за сончева заштита (Uw = 1.1 W/m2K) кој е во склад со архитектонските и функционални барања на објектот, меѓупросторот од 16 мм е исполнет со инертен гас Аргон, а внатрешното стакло е Lami стакло со d=5.5.2mmPHONEGUARD со двојна звучно-изолациона фолија меѓу двете стакла (PVC) звучно-заштитен Polyvinyl-Butyral и дава заштита до 44дб, а воедно и сигурност при кршење според Европските нормативи EN 12600. Во зоната на парапетот каде што се предлага да биде грејно тело се предвидува: едноструко сигурносно стакло (емајлирано стакло) 6мм калено SunGuard High Selective Superneutral 62

Испрати коментар

Scroll To Top