Да се зачува архитектурата од
минатото, но…
Архитектот Борис Чипан е вториот носител на наградата
“Андреја Дамјанов“. Слободно може да се каже дека денес тој е доајен на архитектонскиот
кор во државава. Тоа значи човек низ чиј живот минале многу премрежиња, многу
настани, човек кој е сведок на создавањето на современата македонска архитектура и нејзин директен создавач и
теоретичар.
Борис Чипан
е роден во Охрид на 27 март 1918 година. Како што вели самиот, растел во град каде
на секој чекор се сопнувал од остатоци на историјата. Тоа како да било предвестие
на неговата иднина, иако имал намера да тргне по друг пат. Како многу други млади
Македонци во тоа време, триесеттите години на минатиот век, и тој заминува на школување
во средно школо во Белград благодарение на стипендијата добиена од еден генерал од
Охрид, кој очекувал неговите стипендисти да станат офицери на кралската војска.
Чипан по матурирањето навистина се пријавил во Воената академија, но не бил примен. За среќа
и негова и на македонската архитектура. Патот потоа го одвел на Техничкиот факултет
во Белград, иако, како што пишува Кокан Грчев во еден текст за Чипан, архитектот сосема неочекувано
во едно свое навраќање кон минатото ќе изјави: Не знаев што е архитектура…Оттогаш наваму започнува
чекорењето на Борис Чипан по патеката која го води во историјата на македонската
архитектура.
Деновиве
актуелно е прашањето на реконструкцијата на Авзи-пашините конаци. Не
е лошо оние што ќе се зафатат со таа работа да се обратат до Борис Чипан. Ќе им биде од
помош. Еве зошто. Во 1940 година, кога Чипан е четврта година од студиите, заедно со неговиот професор,
архитект Бранислав Коиќ и со студентите од архитектонскиот отсек, ќе работат во
Македонија на снимање на конаците на Авзи-паша во Бардовци. Истовремено снимаат
и некои селски куќи во околината на Скопје, Охрид и други. Во првата книга што ќе
ја објави Коиќ за селската архитектура, цртежите ќе ги изработи Борис Чипан. По
тоа искуство на Чипан,
ќе стане практика на Архитектонскиот факултет во Белград, програмите да се исцртуваат
со слободна рака, и да се напушта т.н. “чешки систем” на педантно исцртување со
направи.
Чипан кон
крајот на март 1941 година се враќа во Охрид. Откако во Охрид ќе влезат бугарските
војски, тој ќе добие дозвола да отпатува во Белград, за да дипломира на Архитектонскиот
факултет. По добивањето на дипломата, во летото таа година, Чипан заминува од Белград,
и се враќа во Македонија, во Охрид, градот од неговото детство, градот на неговата
иднина. Годините на бугарската окупација ги минува на служба во Охрид и Битола,
а во 1944 година се префрла на ослободената територија, гради мостови, а потоа учествува
и во обновата на
селата во Македонија. Од 1946 година почнува неговата проектантска работа во првото
проектантско биро во Скопје. По три години застанува на чело на Заводот за заштита на спомениците
во Охрид. Токму таа година е избран за хонорарен професор по историја на уметност
на Техничкиот факултет во Скопје. Оттогаш па с¢ до пензионирањето тој ќе учествува во создавањето кадри архитекти со што
започнува неговата кариера и како педагог.
Чипан е
неодделив актер во сите дискусии за архитектурата во тогашна Југославија. Се расправа
за теоријата и за практиката на архитектурата. Се водат расправи за кои денес многумина
можат да мечтаат. Дијалози и разговори за современата архитектура во тоа време,
за нејзиниот израз, за кичот во неа, за “загрозеното малцинство архитекти на кое архитектурата
им претставува смисла на животот, а не предмет на трговија…”. Со право е прашањето-констатација
дали во ваквите тогашни дискусии, во 1960 година, во кои активно учествувал и Борис
Чипан, нема една димензија на
пророштво, на задавање константи кои с¢ уште траат.
Во тој бурен
процес на создавање на профилот на архитектурата, Чипан ќе утврди една специфична
законитост…”…ние
замислуваме дека треба да се стремиме кон сретнување на новото и старото во нашата
архитектура…
се разбира, нема да тргнеме ло патиштата на имитација и буквалниот историцизам. Кога зборуваме
за регионалните карактеристики на новата архитектура, ние пред с¢ мислиме на современите
македонски фактори… но
ја вклучуваме и нашата современа естетика која се формира на изворите на минатата
цивилизација”.
Чипан го
застапува ставот дека е неспорно дека треба да се зачува архи-тектурата од минатото,
дека тоа секако стои… но, сепак с¢ уште се создава дилема, во однос на прашањето:
дали формите, деталите и композициите преземени како копија и цитати
од историјата, од
историската архитектура, не е помалку невешто преземање и неинвентивно архитектонско
создавање… “Меѓутоа, веројатно мора да се создава и допадлива архитектура, архитектура
која веднаш се идентификува
според својата
функција и намена, архитектура можеби и за туристи… или за бизнис, архитектура
која носи профит на некаков начин… тоа веројатно и ја оправдува неа како таква…
мора да се толерираат и таквите зафати и да не се анатемисаат; тоа како појава,
веројатно некогаш ќе си најде место во општата историја на архитектурата…”.
Предвечерието
на распадот на СФРЈ за нас новинарите беше пролет. Во тие години беше
најлесно да се пишува, како да бевме ослободени од сите стеги, не чувствувавме притисоци,
ниту од раководството во куќите каде што работевме ниту од надвор. За подоцна во
годините на осамостојувањето многумина од нас одново да станат нечии и сечии…
Кога ги прочитав следните зборови од Чипан видов дека тоа не се случувало само со
нас. Во пролет, кога мразовите пукаат, водите течат од секаде и насекаде. Не знам
дали и за архитектите тој период бил пролет, но тие години Чипан како
да бил пророк. Во
тој период, во не толку далечната 1986 година, во воведот на својата книга “111
тези за архитектурата”, архитект Борис Чипан ќе соопшти едно специфично видување
на актуелниот историски и архитектонски миг кој самиот го сведочи: “… денес пливаме
во една архитектонска
река од матни, но и бистри притоки, за која с¢ уште не знаеме каде се влева. Тоа е состојба
на плурализам
– нешто како мирољубива коегзистенција на сите можни стилови. Историјата е повторно
тука, но таа не може да се препознае бидејќи е распарчена во дилетантски колаж… некаде
таа историја се враќа со таква ароганција како да бара оправдување и за она брутално повампирување на фашистичката
идеја … на друго место се стреми кон нова глорификација … но тешко е да се поверува
дека историјата може да се толкува како визија за иднината…”. После овие зборови
нема што да се додаде. Архитектонското
и урбанистичкото секојдневие само ги потврдува.
Во минатиот
број на Порта3 видовме дека духот на архитектот Борис Чипан се уште не мирува. Тој
уште сонува и покрај тоа што зад себе оставил богато архитектонско и книжевно-издавачко
наследство.
Негови позначајни
објекти на полето на архитектурата се:
– Студентското
летувалиште на Феријалниот сојуз во Охрид
– Административен
објект на Заводот за социјално осигурување Охрид
– Фабрика
за фротир, Делчево
– Главна
автобуска станица, Скопје 1964
– Автобуска
станица со бензинска пумпа, Кичево
– Управна
зграда со ресторан за фабриката “Наум Наумовски-Борче”, Скопје
– Дом на
народната младина, Скопје 1962 (со арх. Љ.Маленкова)
– Објектот
на МАНУ – Скопје
– “Стара
градска архитектура во Охрид”, 1955
– “Историско
урбанистичко архитектонска студија за Охрид и Струга” 1965
– “111 тези
за архитектурата”, 1968
– “Света
Софија – катедрален храм на Охридската архиепископија”, 1966
– “Текстови
за архитектурата”, 1998
– “Долни
Сарај – епизода од историјата на Охрид со Џеладин-бег”, Охрид 2001
– “Традиција
и современост во архитектурата”, Скопје, 2005
АРХИТЕКТУРА