Насловна / Форум / Да направиме критичка маса на градители

Да направиме критичка маса на градители

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/milka-kirovska.jpg1. Дали кој било религиозен објект се изградил досега на подлога од подземна канализација, иако истата ќе се дислоцира  технички?
 Во тој контекс да се прашаат нашите верски водачи, а и стручната структура од доменот на археологијата.
 Во контекс на поставување цркава таму каде што е вцртана маркичката да се дообјасни како евентуалните верски  ритуали за кои е потребен пристап со моторно возило би се реализирал?

2. За триумфалната капија повеке е кажано, но еве уште еднаш да се допрецизира значењето на истата, односно кој триумф би се потенцирал со истата. Чинам дека и на некулку панел дискусии на јавни настапи , дел од авторите, не се согласни со тој објект.


3. Дали е можно авторско право на некој архитект да се изобличи со дополнителни елементи, како што е предлогот за  менување на фасада со декоративни  елементи на делот на зградата на Пелагонија и целиот потег до улицата Македонија, кој патем претставуваат наше културно богатсво и беа заштитени како такви.


4. Во јавното излагање од ноември 2009,  на дополнување на деталниот  урбанистички план за ,,Малиот ринг,, ги прашав писмено нашите колеги кои го правеле тој проект како го имаат замислено сообраќајното решение од плоштадот ,,Пела,, до почетокот на улицата ,,Партизански Одреди,,. Досега тој одговор не го добив.
5. Денес беше објавена и информацијата дека на плоштадот ќе се постават уште нови скулптури така што истиот  очигледно дека ќе биде претворен во ,,лапидариум“, а такви веќе постојат во Стара чаршија во монументалните објекти како што се Куршумли Ан, Капали Ан и уште неколку анови кои се прекрасни простори за таква намена.


6. Да се побара точна буџет-пресметка за евентуалното вакво обликување на плоштадот, со што би се добила и информација колку македонскиот народ ќе биде задолжен во наредните децении, односно колку долг ќе им оставиме на генерациите по нас. Бидејќи се работи за објекти за јавна администрација ова е важен елемент во креацијата на главниот град на Република Македонија, а со интенција да не се заборават и другите градови во Републиката.


–  Од   информацијата може да се дојде и до податок  колку оштетени  улици во градот би се поправиле, колку светилки би се поставиле и прописно би се одржувале во градот  престолнина, како би се решил и сообраќајниот метеж  во центарот на градот, како би се ,,избањале“ фасадите во центарот. Со нов проект за собирањето на ѓубриштето во централниот дел на градот да се подобри глетката на секој посетител и жител на Скопје  кој  претендира да биде метропола.                   
 – Дали со далеку помала  инвестиција би можело да се интервенира  да се затворат зградите ,,убијци,, (читај, карабина објектот на бивша Југобанка која и при ваков ветер кој го задеси Скопје деновиве, не направи случајно последици од поголем размер ), а и објектот на печатницата ,,Гоце Делчев,, кои се во срцето на центарот и преставуваат срамота на градот.


– Што се однесува за останатите објекти како целокупен презентиран материјал на рекламите и во 3Д анимацијата, досега беа изречени многу коментари, јас се придружувам на оние што овој проект би го нарекле најголем кич. Непримерноста во кичот и дрскоста го достигнува својот максимум со новораспишаните конкурси за колективни паркинг згради, со напомена да бидат проектирани во тој кич манир. Но, ќе го потенцирам нашиот драг професор Борис Чипан дека со ваква Влада ќе ги имаме и овие последици, кои ни ги наметнуваат.
Да се здружиме и да направиме критичка маса на градители и разумни поддржувачи кои  мора да го сопрат овој терор.

Испрати коментар

Scroll To Top