За уште повеќе да ја зајакне врската меѓу дизајнот и уметноста, и да реши какви било дилеми, дизајнерот и уметник Sebastian Errazuriz во својата работа користи јасни елементи од двете области. Во својата серија на т.н. функционални скулптури работел токму на поврзување на занаетчиските вештини со високата уметност.
Wave Cabinet е парче мебел во оваа серија, кое особено привлекува внимание.
Предметот е целосно изработен од дрво и доаѓа во беж и сива варијанта на бои. На прв поглед, може да изгледа како уште еден од низата дизајнерски елементи, но неговата уникатност лежи во многуте начини на отворање и можностите за креирање на различни форми, токму како кај некои кинетички скулптури.
Движењата на ова прекрасно парче мебел, според авторот, се инспирирани од грациозните движења на брановите.
Покрај тоа, тој вели дека овој мебел од серијата има за цел да го заинтрига гледачот, а со тоа и да го поттикне секојдневните предмети да ги гледа на еден поинаков начин. Повеќе детали можете да дознаете од краткото видео.