Новиот Equilibrium велосипед на компанијата SZ Bikes, овозможува на модерен и елегантен начин да ја задржите својата добра форма додека се движите низ својата урбана средина на еколошки прифатлив начин. Целосно развиен во Италија, овој уникатен и привлечен проект има рамка која е делумно обоена, заради што на апсолутен начин ќе биде забележан од сите. Со употребата на алуминиум за рамка, тркала, педали, управувач и седиште, овој ултра лесен велосипед има за цел да ви овозможи многу удобно и сигурно возење.
SZ Bikes го има опремено овој велосипед со преден дел кој е целосно направен од карбон, што дава многу мала тежина, но исто така доби и минималистичко Spyder седиште, кое е целосно во согласност со италијанските дизајнерски трендови. Покрај тоа, седиштето е направено од специјален флексибилен пластичен материјал, па секогаш ќе ја задржи својата мекост и форма.
Equilibrium на SZ Bikes, исто така, има двостепенски автоматски менувач, кој им овозможува на возачите полесно да го совладуваат возењето нагоре, додека предната диск кочница со хидраулика овозможува прецизно сопирање.
Исто така, инсталирано е и специјално изненадување за сите оние што ќе се обидат да го украдат овој убавец.
Сирена од 120 децибели е вградена и скриена во задното светло, и ќе ја започне својата „песна“ штом некој дури и го допре велосипедот. Во секој случај, Equilibrium може да се нарече ултимативен урбан велосипед, а со цената од речиси 1.000 долари, тој дури и припаѓа во групата мошне прифатливи велосипеди!