Насловна / Архитектура / Менхетен на вода: за 50 километри шеталиште одвоено 100 милиони долари

Менхетен на вода: за 50 километри шеталиште одвоено 100 милиони долари

Градоначалникот на Њујорк Бил дел Блазио, најави изградба на систем од пешачки патеки и зелени површини, кои ќе го направат овој дел од градот уште поатрактивен.менхетен шеталиште (4)

Има ли подобро место за живот од Менхетен? Овој најпознат дел од Њујорк, кој можеме да го видиме во секој втор американски филм или тв серија, наскоро ќе стане уште попримамлив за живот. Имено, градските татковци најавија изградба на шеталиште долго 50 километри, за чија изградба ќе бидат издвоени околу 100 милиони долари.менхетен шеталиште (3)

Во последните пет години, бројот на велосипедисти во Њујорк порасна за 80%. Заради тоа проектот Greenway е повеќе од добредојден. Градското одделение за транспорт истакна дека овој проект значително ќе влијае на зголемено користење на велосипедот како превозно средство во Њујорк, а ќе го зголеми и бројот на оние што ќе одлучат да се прошетаат наместо да седнат во автомобил или да се превезат со метро.менхетен шеталиште (2)

„Сакаме сите жители на Менхетен да имаат еднакво достапни велосипедски патеки, со шеталишта и игралишта покрај вода“, истакнал градоначалникот на Њујорк.менхетен шеталиште (1)

Градските татковци го одобриле идејниот проект, а проектот за изградба се очекува до крајот на годината. Работите би требало да почнат во 2019-та, а новото крајбрежје на Њујорк ќе биде готово до 2022 година, пишува Inhabitat.

 

Испрати коментар

Scroll To Top