Насловна / Вести / Ќе се реконструира покривот на Спортскиот центар „Гемиџии“ во Велес

Ќе се реконструира покривот на Спортскиот центар „Гемиџии“ во Велес

Во Спортскиот центар „Гемиџии“ во Велес ќе почне реконтрукцијата на покривот вредна над седум милиони денари. Проектот го финансираат Агенцијата за млади и спорт и Општина Велес, а изведувач е МЗТ „Инженеринг“ од Битола.

Како што изјави градоначалникот Славчо Чадиев, согласно Договорот од тендерската постапка се очекува градежните работи на објектот да бидат завршени за најмногу пет месеци, пред новата спортска сезона.veles

„Oчекувам да се изведе реконструкцијата предвидена на околу 4.000 метри квадратни и конечно да се отстранат најлони што се поставени со години поради прокиснување на покривот“, рече Чадиев.

Спортската сала „Гемиџии“ која првично се викаше Спортска сала „25 мај“ беше пуштена во употреба во 1981 година со кошаркарскиот натпревар помеѓу КК „Партизан“ од Белград кој во тоа време беше европски првак во кошарка и КК „Борец“ од Велес, кој беше член на втората сојузна лига Југ. Салата е со капацитет од околу три илјади гледачи.

Испрати коментар

Scroll To Top