Познатиот дизајнер Филип Старк креирал колекција на мебел за италијанскиот бренд Driade, инспириран од справите за мачење уште од времето на Шпанската инквизиција.
Колекцијата Torquemada, што беше претставена на неодамна одржаната Миланска недела на дизајнот, вклучува маса, стол, потпирач и столче, а сите елементи имаат сребрени детали на оковот во својата конструкција, што е директна референца на историскиот момент на кој дизајнерот се повикува. Мебелот е направен од природно дрво и спомнатите детали кои се направени од челик.