Минатата седмица на главниот влез на паркот Максимир во Загреб, осамнаа сигнализациски ленти со натпис дека паркот е затворен иако влезот не беше целосно оневозможен. Се работеше за акцијата на WWF (World Wildlife Fund) по повод Европскиот ден на парковите. Транспарентите со порака „Денес природата нема време за тебе“ осамнаа низ целиот парк. „По повод Европскиот ден на парковите, сакавме да ја освестиме јавноста дека нема изговор за негрижата кон природата.
Анкетите покажуваат дека на прашањето зошто не рециклираат, луѓето најчесто одговараат дека немаат време. Таквите изговори не смеат да бидат прифатливи. Со оваа акција сакавме да покажеме како би било кога природата не ќе има време за нас“, вели Петра Боиќ Петрач од одделот за комуникации на WWF Adrija.