Насловна / Технологии / Генијалниот хипи-компјутерџија во Скопје

Генијалниот хипи-компјутерџија во Скопје

rms.jpgВо организација на Слободен Софтвер Македонија,
непрофитна организација која ги промовира вредностите
на Слободниот софтвер, во салата „Милениум 2“ во
хотелот „Холидеј Ин“, предавање ќе одржи Ричард
Метју Стелман на тема „Авторските права наспроти
Заедницата во време на компјутерските мрежи“

Во Скопје гостува Ричард Метју
Сталман (РМС). Популарниот
РМС, е најголемото име од
софтверската индустрија, кое
некогаш ја посетило Македонија. Јас
го споредувам со титаните од типот
на Стив Џобс, Стив Вознијак, Бил Гејтс,
Пол Ален итн, кои тешко дека некогаш
ќе ги видиме на овие простори.
Иако неговото богатство, веројатно
ни оддалеку не се мери со она на
спомнатите, сепак не се парите она
што го разликува РМС од останатите.

 

Кој е РМС?

Роден во 1953 година во Њујорк,
Ричард спаѓа во онаа генерација
„компјутерџии“ која ја имаше честа
да го заврти тркалото наречено
Информатичка технологија (ИТ).
Неговата опседнатост со компјутерите
започнува уште од средношколските
денови кога започнал да соработува
со ИБМ Научниот Центар во Њујорк.
Студирал на Харвард и МИТ, каде веќе
докажува дека е елитен програмер
и хакер. Но, наместо да се труди
стекнатото знаење и популарност
да ги искористи за стекнување пари,
како што го сторија тоа Бил Гејтс
или Стив Џобс, РМС во духот на хипи
движењето го одбра „бунтовништвото“
како имиџ, а идејата за „слободен
софтвер“ како филозофија на својот
живот. РМС верува дека софтверот
треба да биде слободен и на дофат
за користење, за да може човештвото
да напредува преку негово користење
и модификување, наспроти
праксата на големите софтверски
компании за криење на кодот, и
на тој начин држејќи го корисникот
неинформиран, без да знае што се
крие „под хаубата“.
Во 1983 година тој го напушта МИТ
за целосно да се посвети на својот
„ГНУ Проект“ како обид да создаде
слободен оперативен систем
наречен ГНУ. Практично во овој период
почнува неговиот богат и динамичен
живот. Во 1985 година го издава ГНУ
Манифестот и ја основа Free Software
Foundation (FSF), или во превод
Слободен Софтвер Фондација, каде
е неплатен Претседател. Нешто
подоцна се појавува и GNU General
Public Licence (GPL) како еден начин
на лиценцирање на софтверите, кој
ги отфрла рестриктивните одредби
во него. На ова место би сакал да
потенцирам дека GNU GPL е дел од
инвентивниот Copyleft (термин кој
означува систем на лиценцирање,
наспроти терминот Copyright) кој е
измислен и промовиран токму од
РМС.

 


Идеја за слободен софтвер

Линус Торвалдс ќе употреби ГНУ
развојни алатки за да го создаде
оперативниот систем Линукс, чиј
кернел се користи за огромен број
софтвери (пред сè rms2.jpgслободни).
Популарноста на Линукс ќе направи
вистинско помрднување во светот
со создавање на огромен број
оперативни системи базирани на
Линукс кернелот. Иако незадоволен
што во насловот на Линукс не се
спомнува ГНУ од каде всушност се
земени делови, РМС добива на сила,
бидејќи преку ширењето на Линукс
всушност се шири и неговата идеја за
слободен софтвер.
Од 1990 па сè до денес, РМС живее
живот на политички активист каде
зборот „слобода“ доминира при
неговите настапи, есеи и книги. Иако
негова мастер тема е слободниот
софтвер, ќе се изненадите за
сестраноста и инволвираноста
како активен граѓанин на многу
полиња. Слободата во користење
на софтверот ќе биде почетна тема
на делување на РМС, додека со
тек на времето неговата енергија
ќе се насочи кон предупредување
за нарушувањата во Приватноста
на луѓето предизвикана пред сè од
употребата на технолошките уреди.
И покрај тоа, неговата борба не
поминува без резултати. Познати
се неговите говори и настојувања
владите низ светот да го отфрлат
„неслободниот“ софтвер за
користење во владините институции.
На Википедија, на пример, може да
се прочита дека во 2007 година успеал
да ги убеди властите на Индиската
држава Керала, за отфрлање на
Мајкрософт Виндоус софтверите
во компјутерите во 12500 државни
средни училишта и нивно заменување
со „слободните“ софтверски
алтернативи. Слични резултати
постигнува и во Венецуела, но и во
низа други земји, пред сè државите од
Латинска Америка.

 

Атеист кој живее како студент

Денес РМС живее скромно, како што
вели, како студент и тоа му се допаѓа.
Атеист е по убедување, а ги поддржува
„зелените“ партии. Слободата му е
лајф-мотив и се труди таа секогаш да
дојде во прв план во неговиот живот.
Не користи мобилен телефон, токму
поради можноста за нарушување
на приватноста, додека неговиот
единствен компјутер е лаптоп развиен
од страна на кинески институти на кој
има слобода и БИОС-от да му биде
по негова желба. Нормално, сиот
софтвер кој го користи е „слободен“.
Навистина, РМС има контроверзни
(или барем помалку невообичаени)
тврдења кои можат да се прочитаат
и на неговата лична страна (www.
stallman.org). На прв поглед се добива
впечаток за човек кој не го надраснал
„хипи“ времето во кое созревал
како свесен човек, совесен кон
другите и околината и подготвен на
откажувања и акции. Сепак, нека не
ве лаже првиот впечаток. Неговата
интелигенција и интелектуален
придонес не се за занемарување,
додека за неговата филозофија на
живот и акциите на кои тој повикува
се нешто што треба изворно да се
слушнат. РМС покрај англискиот,
го говори течно и францускиот и
шпанскиот, а неговата мултијазичност,
остроумност и елоквентност наидува
на воодушевување кај публиката.
Во периодот од 1986 до 2007 година
добил низа почесни награди, меѓу
кои: Доживотно почесно членство на Чалмерс Универзитетот за технологија, Почесен докторат на Кралскиот институт на технологијата во Шведска, Почесен докторат на Универзитетот во Глазгов, Членство при Националната Академија на Инженерството на САД итн. Автор е на многубројни книги и есеи.

 

Човек од иднината

РМС е жива историска личност, чија филозофија, систематичност и постулати издефинираа една област и едно време во златното доба на ИТ. Но, неговите настојувања и предупредувања се однесуваат за едно идно време во кое Приватноста (и Слободата) ќе биде вистинското прашање околу кое ќе има многу проблеми и дискусии.
Како професионалци кои ги користиме софтверите без поговор и сомнеж, интересно е да се слушне за некои суштински аспекти за истите. Од друга страна, настанот е историски и вреден да се слушне. Искрено верувам дека изразот слободен софтвер и РМС ќе ги сретнуваме сè почесто во иднина, бидејќи сè повеќе „слободни“ софтвери се појавуваат и во сферата на архитектурата, инженерството и градежништвото.

 

Трајче СТОЈАНОВ,
дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top