Насловна / Арт и дизајн / Недопрениот спокој на природата како инспирација

Недопрениот спокој на природата како инспирација

Веќе безброј пати имаме слушнато за примери на уметници од разни области, кои објаснуваат како недопрениот спокој на природата ги има инспирирано.

Биографското сценарио на Murray Fredericks, познатиот австралиски фотограф, е со слична траекторија. Тој, имено, го посети познатото австралиско езеро Eyre во 2001 година и таму доживеал посебно искуство.австралиски фотограф_2

Кога се нашол пред огромното пространство на езерото, тој сфатил дека тука навистина може да ужива во моментот, и тоа за кратко без размислување за секојдневните грижи и стресот кој во денешната ера тешко може да се избегне. австралиски фотограф_5

Тој одлучил на езерото да му се враќа еднаш годишно, а езерото станало негов ултимативен почетен мотив. Така, во неговиот последен фотографски проект наречен „Суета“, тој на недопреното езеро поставил огледало, кое го одразувало небото и заедно со езерото реализирал прекрасни сцени на природата.австралиски фотограф_3

Според фотографот, огледалото што го покажува небото (наместо езерото) треба да ја симболизира нашата суета и да не охрабри да погледнеме околу себе, и таму да најдеме убавина или среќа. австралиски фотограф_1

Испрати коментар

Scroll To Top