Руските медиуми известуваат дека изградбата на новиот објект на Филхармонијата во метрополата се одвива според планот. Вклопен е во паркот чија изградба претходела на изградбата на концертната хала. На истиот простор ќе биде сместена и галерија и музеј.
Се најавува дека капацитетот на објектот ќе предвидува 1500 места, а се тврди дека зградата ќе биде поголема од Марински II во Санкт Петербург. Свеченото отворање е планирано за 2018 година. Проектот е дело на Diller Scofidio + Renfro, и избран е на меѓународен конкурс.