Насловна / Технологии / 4:0 во корист на Белградскиот SEEBBE 2010

4:0 во корист на Белградскиот SEEBBE 2010

seebbe_1.jpgСкопскиот Саем за Градежништво и Градежни материјали е еден од попопуларните во земјава. Иако
Саемот има интернационален карактер, сепак
мнозинството излагачи се домашни, македонски
компании.

Програмата што се изложува е навистина разновидна и опфаќа најразлични области од градежништвото,
почнувајќи од градежни материјали, преку опрема и
механизација, до инженеринг услуги. Посетителите во голем
број се стручни лица кои активно работат на градежни проекти.
Саемот е одлична можност ако не за бизнис зделки, тогаш
барем за едно „освежување“ на знаењето од областа на
градењето.

 

Но, она што недостига се градежните софтвери и информациите за нив. Години наназад колку што ме држи
сеќавањето, софтверските компании го заобиколуваат
Саемот за Градежништво и покрај одличната можност за претставување. Без да навлегувам зошто е тоа така, корисно е да
се споредат Скопскиот Саем на Градежништвото и
Белградскиот SEEBBE 2010 кои се одржуваат со месец дена
разлика, односно Скопскиот е на почетокот на март, додека
Белградскиот во средината на април. Белградскиот Саем
SEEBBE е еден од најголемите во регионот и дефинитивно
поголем, попопуларен и попосетен. Сето тоа е разбирливо ако
се знае дека соседна Србија е 4-5 пати поголема од
Македонија по површина и население. Дури и саемската
влезница е пет пати поскапа.

 

По некоја Марфиева математика, ако на Белградскиот
Саем има барем 5 излагачи на градежен софтвер, тогаш на
Скопскиот би требало да има барем еден излагач. Токму со
таа смешна мисла започнав со разгледување на Саемот,
барање нешто да изгледа како софтвер и броење на
штандовите со назнака: софтвер.

 

Првиот излагач на градежен софтвер на кого наидов беше
германската фирма Dietrichs, која изработува специ ја –
лизирани 3D CAD/CAM софтвери за проектирање и изработка на дрвени (бондручни) куќи. Со над 25-годишно постоење и
делување на ова поле, Dietrichs е првата софтверска компанија
која развила софтвери наменети за дрвени конструкции.
Имено, во далечната 1982 година, Џозеф Дитрих развил
програми со цел да им помогне на германските столари
полесно и поточно да ги пресметуваат формите, аглите и
отсечоците на крововите. Оттогаш Dietrichs е светски лидер со
присуство низ целиот свет. Нивното портфолио содржи значаен
број на програми, меѓу кои и D-CAD L, бесплатен софтвер за 2Д
проектирање. Истиот е достапен за слободно преземање од
www.dietrichs.com, со претходно регистрирање.

seebbe.jpg 

Следните два излагачи ги поврзува намената на нивните
софтвери, а тоа е Градежната столарија. Првата повторно
германска, се вика ORGADATA (www.orgadata.com) и нуди
специјализиран софтвер за проектирање и изработка на врати,
прозорци и структурални фасади од метал и алуминиум. За
големината на компанијата доволен е податокот што околу 9000 корисници во 3000 компании низ светот се корисници на
софтверите на Orgadata. Втората компанија е српска и се
вика Daxon CD. Оваа компанија произведува софтверски
решенија за сите оние професионалци чија работа е
поврзана со производство и продажба на градежна столарија
без разлика дали се тоа профили, окови, пратечки материјали
итн. Повеќе за оваа компанија, можете да најдете на
www.daxon.de.

 

Конечно, четвртата компанија на која наидов беше Хикад,
позната по застапништвото на Архикад, Артлантис и други
софтвери за територијата на Македонија, Србија и пошироко.
На штандот доминираше Архикад 13 иако можеше да се
добијат информации и за останатите програми во
портфолиото на компанијата. Поради популарноста на
изложените софтвери, штандот на Хикад беше прилично
посетен, а меѓу другото можеше да се забележи и присуство на голем број студенти. Популарноста на штандот дотолку беше
поголема и поради понудениот саемски попуст на софтверите.
Практично, бројката на излагачи на софтвер заврши со Хикад и
остана на 4 излагачи. За волја на вистината, на штандот на Тондах,
на големо се промовираше додатокот на Архикад, наречен
Тондах Кров, софтвер кој ги решава кровополагачките работи на
косите кровови со производите на Тондах. Но поради профилот на
компанијата како производствена (градежни материјали), истата
ја исклучив од листата на софтверски излагачи.

 

Значи, на белградкиот Саем беа присутни 4 компании кои по нудија каков таков градежен софтвер. Дефинитивно недостигаа
излагачи кои работат со Аутодесковите софтвери или со некои
други професионални софтвери од областа на статика, ди намика, хидротехника, патишта итн. Зошто е тоа така повторно не би
навлегувал, но ако се водиме со правилото Белградски Саем/Скопски саем = 5/1 излагачи, тогаш е сосема разбирливо
зошто нема софтверски излагачи на Скопскиот Саем на
Градежништво. „Работите не беа такви, порано имаше понуда на
софтвер на саемот и тоа по 150 денари“, ќе каже некој злобно.
Секој што го посетувал Саемот за Градежништво пред 5-7 години ќе
се потсети на огромната понуда на пиратски верзии на градежните
софтвери. Замислете само како ќе изгледаше доколку еден т.н
„пират“ има штанд до, да речеме, некој од официјалните
Аутодескови партнери во Македонија. Едниот го продава
софтверот по 150 денари , а другиот 4000 долари, се разбира ако
успее да продаде. Интересна ситуација, нели? По мое сеќавање
такво нешто се нема случено. Сепак како и да е, факт е дека нема
софтверски излагачи на Саемот за Гра дежнишвто во Скопје.
Остануваат другите канали на добивање ин фор мации за тоа што
е ново и што се нуди како градежен софтвер.

 

Искрено се надевам дека во иднина работите ќе се променат.

 

Трајче СТОЈАНОВ, дипл. инж. арх.

Испрати коментар

Scroll To Top