Насловна / Технологии / Златно доба со новите верзии

Златно доба со новите верзии

zlatno-doba.jpgВо периодот од 18 до 19 март во
Скопје се одржа презентација
на Архикад 13. Организацијата
на настанот беше на компанијата
Хикад од Србија (како регионален
дистрибутер на Графисофт) и нив –
ниот македонски претставник, ИТ
компанијата СмартСолушнс од
Скопје.

Во Клубот на новинари во
Скопје, каде два дена се случуваа
предавања и работилници, можност да научат нешто повеќе имаа
триесетина архитекти од земјава.
Повеќето од присутните веќе се
имаа сретнато со Архикад, како
софтвер од БИМ /Building Information
Modeling/ класата, но имаше и
присутни кои за првпат се запознаа
со каракте ристиките на овој
софтвер.

 

Вла димир Крстиќ од Смарт Солушнс, пред присутните ја прет стави
својата компанија и нејзиното портфолио. Тој исто така ја објави сорабо тката со Хикад, каде Смарт Солушнс ќе делува како авто ризиран
про давач на Архикад за територијата на Република Македонија.

 

zlatno-doba2.jpgИван Хајзлер, кој со години стои на
кормилото на Хикад трпеливо градејќи ја Архикад заедницата, го
промовираше Виртуал Буилдинг, од
носно БИМ концептот. Тој ја имаше
честа прв да проговори за Архикад и
да не потсети на презентацијата на
Архикад 6, одржана во амфи
театарот на Архитектонскиот факу
лтет во Скопје, пред петнаесет годи
ни. Интересот за Архикад бил толку
голем што амфитеатарот не можел
да ги собере сите заинтерсирани,
па многумина стоеле или седеле
каде што можеле да најдат место.
Оттогаш, Архикад доживеа неколку
концепциски еволуции. Денес,
благодарение на интернетот,
интересот не запира, туку напротив,
расте со секоја нова верзија.

 

Жолт Иванович, архитект од Нови
Сад, Србија, го претстави софтверот и неговите додатоци. Тој ги воде –
ше практичните работилници каде
презентациите се пробуваа во пракса и се разменуваа искуства со
колегите.

 

На крајот, присутните учесници не
можеа да го скријат своето задоволство од виденото. И навис тина,
Архикад доживува златно доба со
своите нови верзии каде напредните
технологии се импле мен тираат
прак тично со секоја нова верзија.
Фено менал ните Lightworks рендери,
повеќе јадрената проце сорска поддршка, 64-битната под дршка, новините во делот на тимската работа,
се само дел од новитетите. Во го дина во која се очекува нова верзија на
Архикад, презентацијата на Архикад
13 е одлично осмис лена, како потсетување и најава дека она што
следи ќе биде уште подобро и
понап редно.

 

Трајче СТОЈАНОВ

Испрати коментар

Scroll To Top