Визуелизиран од студиото Concrete Architectural Associates, новиот хотел CitizenM во Ротердам, сместува не повеќе од 151 хотелска соба и се одликува со импресивен дизајн. По влезниот пристап, гостите се пречекани од црвен стаклен вестибил, како и елегантно дрвено скалиште, насочувајќи го текот на движење кон рецепцијата на првиот кат.
На првото ниво се организирани заедничките простории, создавајќи средина која континуирано би ја зголемувала социјалната интеракција помеѓу клиентите. Просторот е поделен на неколку зони кои располагаат со атмосфера за работа, социјализација, релаксација или пак уживање во попладневниот пијалак.
Ентериерното обликување се карактеризира со богата палета и варијации на декоративни елементи, што придонесува за динамичната и занимлива атмосфера на хотелот.