Насловна / Екологија / Кина постави конкретни цели во борбата со загадениот воздух

Кина постави конкретни цели во борбата со загадениот воздух

china
Како резултат на притисокот од јавноста, и неодамнешната изјава на поранешниот  кинески министер за здравство дека загадениот воздух предизвикува 350.000 до 500.000 смртни случаи годишно, властите во Кина поставија конкретни цели. Сите провинции имаат квантифицирани обврски да го намалат загадувањето, и истите се движат од 5 до 25% во однос на сегашното ниво.

Најригорозни се барањата за Пекинг кој треба да ја намали емисијата на цврсти честички PM2,5 за 25% во период од една година. Притоа, Државниот Совет има развиено модел за следење на напредокот на локалните власти, и оние што нема да ги исполнат целите ќе бидат јавно „прозвани и засрамени“.

Извор: Guardian

Испрати коментар

Scroll To Top