Насловна / Арт и дизајн / Магацин во белградското пристаниште претворен во галерија на современа уметност

Магацин во белградското пристаниште претворен во галерија на современа уметност

Во Белград е отворена галеријата Laufer-Eugster по највисоки светски стандарди.

Проектот на галеријата, која се наоѓа во индустриска зона, односно во еден магацин во појасот на старото белградско пристаниште, во улица „Дунавска бб“, го работеле млади стручњаци од архитектонската асоцијација TEN Zurich со седиште во Цирих.галерија_2

Оваа асоцијација ја води група архитекти, истражувачи и писатели од значајни меѓународни академски институции.галерија_5

Проектанти одговорни за концептот и реализацијата се Немања Зимоњиќ ETH MSc (Швајцарија), Огњен Крашна и Милош Пауновиќ (Србија).галерија_4

Основачи на галеријата Laufer-Eugster Belgrade се двајца Швајцарци кои живеат и работат во Белград – писателот и публицист David Laufer и производителот на уметнички дела Jan Eugster.галерија_3

Просторот Laufer-Eugster Belgrade e отворен со изложбата „Мајстори на гето фотографии“ на Владимир Миливојевиќ Буги (Boogie), меѓународно признат фотограф од Белград.галерија_1

Испрати коментар

Scroll To Top