Насловна / Вести / Голем пад на продажбата на дизел автомобили во Германија

Голем пад на продажбата на дизел автомобили во Германија

Stutgard soobrakjajna guzva alarm

Во април 2017, вкупната продажба на дизел автомобили во Германија забележала пад од 19%. Како главна причина за овој тренд се споменуваат интензивните политички дебати за воведувањето на забрана за дизел автомобили во центрите на одредени градови. Се работи за т.н зони со грижа за животната средина (Umweltzonen) во кои има рестрикции не само з адизел возилата туку и за сите возила со стандард понизок или еднаков на euro4.

Stutgard cista zona

Последен во низата градови кои ја разгледуваат опцијата за забрана на дизелашите, е центарот на германската автомобилска индустрија Штутгарт, додека од надлежните тела укажуваат на неопходноста од замана на старите дизел мотори кај постарите автомобили. Последниве трендови доведоа до состојба во која уделот на дизел возилата во вкупните продадени возила во Германија паднал на 41% наспроти минатогодишните над 50%. Сличен тренд се забележува и во Франција и во Италија.

Germanija Ekoloski zoni

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top