Apple планира да претстави три нови модели iPhone 7S, iPhone 7S Plus и потполно новиот iPhone 8. Тој модел нема да има рамка околу екранот со ширина од 4 милиметри.
Наместо тоа, новиот модел ќе има OLED екран, сличен на оној на Samsung, на моделот Galaxy S8, но со јасно видлива граница на екранот од горната и долната страна.
Моделите 7S и 7S Plus ќе го задржат основниот дизајн кој Apple го користи уште од моделот iPhone 6, со тоа што ќе има стаклен капак како новиот iPhone 8.
„Осумката“ ќе има куќиште во комбинација со челик кој не ‘рѓосува и стакло, со што ќе се унапреди завршната обработка на телефонот. Ќе има батерија во форма на буквата L, што ќе овозможи поголем капацитет и дуална задна камера од 12 и 7 мегапиксели. Со телефонот следуваат и AirPod слушалки.
Производната цена на уредот се проценува дека ќе се движи од 75 до 80 долари, па се претпоставува дека продажната цена би можела да достигне и над 1000 долари.