Институтот за истражување во животна средина, градежиштво и енергетика – ИЕГЕ започнува со уписите на втора генерација на Менаџерската и лидерска школа за инженери.
Школата претставува специјализација во делот на неформално знаење и се однесува на професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини, и е специјално креирана според потребите што ги имаат денешните инженери кои сакаат своето постојно искуство да го надградат со фокусирано знаење кое има значајно влијание во нивната идна менаџерска и лидерска кариера.
Програмата се состои од девет предмети кои се поделени на две нивоа, индивидуално и организациско, и се однесуваат на личен и професионален развој. Се користи интегриран пристап со најновите наставни методи на учење кои ќе обезбедат стратешко разбирање на можностите и предностите за долгорочен успех во бизнисот. Секој модул претставува комбинирано учење, комбинација на е-учење и учење во училница, со учење насочено кон кандидатот.
Програмата е развиена врз основа на принципите на образованието на возрасни, со користење на методи и техники кои помагаат за развој на нови знаења и вештини. Модулите ќе бидат водени од експерти во своите области и докажани предавачи од Македонија, Австрија, Полска, Германија и Србија.
Менаџерската и лидерска школа за инженери е акредитирана во Центарот за образование за возрасни при Министерството за образование и наука, што подразбира дека сите кандидати по успешно завршување на школата ќе се стекнат со диплома признаена на национално, но и интернационално ниво.
Школата трае девет месеци, почнувајќи од септември 2017 до мај 2018 година.
Уписите ќе траат до 15 јули 2017 година.