Насловна / Вести / Групна изложба „Изминување на времето“ во Прилеп

Групна изложба „Изминување на времето“ во Прилеп

Во среда (10 мај) во 18:30 часот, во НУ Центра за култура „Марко Цепенков“, Прилеп ќе биде отворена групна изложба на уметници од Р.Чешка и Р. Македонија со наслов „Изминување на времето“.

На изложбата застапени се автори од повеќе генерации, односно 12 автори со 33 дела, кои творат во различни медиуми како сликарско, вајарство, графика, фотографија, плакат, видео, инсталација, итн. Уметниците се Ленка Сарова Малиска, Варвара Дивишова, Мариана Аласер, Михаел Поспишил, Карел Штаинер, Катерина Таневска, Глигор Васков, Андријана Мациев, Мирјана Крстева Массетти, Марјан Ѕин, Петра Јовановска и Рафаел Ристовски.Document-page-001

Дадениот момент, времето, ги поврзува овие уметници и прави една симбиоза на нивните трудови ставени во еден простор во одредено време.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура на Р.М. Организатор и куратор на ликовниот проект е ликовниот уметник Петра Јовановска, а проектот е во соработка со Амбасада на Р. Чешка.

Испрати коментар

Scroll To Top