Madero Café е тотално cool ресторан во Гватемала, кој едноставно воодушевува со својот еклектичен ентериер.
Познатото архитектонско студио Taller Ken со седиште во Њујорк и во Гватемала, го реализира овој генијален ресторан Madero Café. Исполнет со живописни бои и детали, од кои најмногу се истакнуваат палмите, ентериерот и тоа како го привлекува вниманието.
Неизбежниот момент во оваа предимензионирана сала е жолтиот „југо“ автомобил во кој, исто така, е засадена една прекрасна палма.
Креаторите што стојат зад овој проект велат дека сакале да создадат вистински тропски амбиент, а особено се издвојуваат рачно изработени плочки со разнобојни модели и бои. Со оглед на тоа што се работи за простор со голема квадратура, гостите можат и да се прошетаат во ресторанот и да го доживеат секој агол од оваа вистинска зелена оаза покрај, се разбира, сјајните врвни закуски.