Венеци ја е во опасност да ја снема во брановите на Јадранот по 12 векови
постое ње. Светот го обиколи ја фотографиите од са јтот Ју тјуб каде сурферите
од сите зем ји од светот доаѓаат во ово ј град за да се во зат со гондола
на плоштадот пред по знатата црква Santa Maria della Salute за време на
Aqua Alta, – високата мода .
За да му се ово змо жи на градот и на целата
лагуна сигурност на подолг временски период , ко ј донесува уште поголеми
преди звици во светот на негативни глобални климатски промени , се пристапи
кон изработката на деталниот комп јутерски модел на целата лагуна вр з
основа на ко ј ќе бидат изработени симулации на морски струе ња, вли јание
на загадува њето , еко системот , реконструкци ја на заштитните насипи …
Градските власти очекуваат дека овие симулации ќе ги упатат на на јдобри
решени ја за заштита на градбите и урбаните целини , не само на Венеци ја, туку и
на другите споменици на културата во лагуната .
Последниве неколку години Пло-
штадот Свети Марко во Вене-
ција е поплавен сè почесто,
особено во зимските и есенските
месеци. Сега, Генералниот план
на интервенции влегува во завршна фаза
на изработка, и деталната реставрација
на градот, самата лагуна и нејзиниот еко
систем, конечно може да започне.
Неколку фактори придонесоа за загро-
зеност на лагуната: варијациите на нивото
на морето, глобалните климатски промени,
попуштањето на тлото на кое се потпрени
дрвените шипови на Венеција… тоа се
услови основната кота на градот да падне
за 23 см во последните 100 години. Во исто
време плимата е просечно повисока за 8
см, со тенденција на понатамошен раст,
што со засилените бранови предизвикани
со израснатите растенија на бариерите
поставени во морето, предизвикува голем
проблем за средновековниот град.
Покрај ова, голем проблем се јавува при
интервенцијата за изградба на пловни канали
за прекуокеанските бродови и поради
природните ерозии- подигнатата тиња и
подигнатите делови на тлото формираа
неколку неплански распоредени острови.
Слоевите на дното на морето и наносите
предизвикаа морските струи да избиваат
кон површината и агресивно да делуваат
на градбите. Елементите на морфологијата
на лагуната ги губат одликите на пловечки
острови, а целата лагуна така стихијски
добива одлики на залив. Од година на
година, Венеција (но и другите населби во
лагуната), стануваат сè почесто поплавени,
а најстарите урбани јадра се воедно и
најзагрозени, па во текот на есенските и
зимските месеци се речиси секој ден под
вода.
За да му се овозможи на градот и на целата
лагуна сигурност на подолг временски
период, кој донесува уште поголеми
предизвици во светот на негативни глобал-
ни климатски промени, се пристапи кон
изработката на деталниот компјутерски
модел на целата лагуна врз основа на кој
ќе бидат изработени симулации на морски
струења, влијание на загадувањето, еко
системот, реконструкција на заштитните
насипи… Градските власти очекуваат дека
овие симулации ќе ги упатат на најдобри
решенија за заштита на градбите и
урбаните целини, не само на Венеција, туку
и на другите споменици на културата во
лагуната.
Управата за водите на Венеција основаше
конзорциум Venecia Nuova кој е одговорен
за изведба на Генералниот план на
интервенциите. Подеднакво значење е
дадено на заштитата на спомениците на
културата и заштитата на екосистемот
на лагуната. Планот е сублимат на
повеќегодишното истражување, бројни
студии и идејни решенија кои им
овозможуваат на инженерите да ги
изберат оние што се најдобри, во склад
со резултатите на симулациите. Планот
се состои од осум посебни проекти:
подвижни бариери, локална заштита на
пловечките острови на градот од средните
и високите води, преднапрегање на бре-
говите, реконструкција на насипите, рес-
таврација на морфологијата на морското
дно, запирање и реконструкција на
деградираните слоеви на тлото, обновување
на фармите за риби, елиминација на
танкерите за транспорт на нафта од венецијанскиот залив.
Изработката на симулации на водните
движења ѝ е доверена на компанијата
CREA( Center for Research for Environmental
Ecology), специјализирана за изработка
на модели и планови за управување со
води и планови за управување со води и
водни системи. CREA во својата работа
ги користеше софтверските решенија
на компанијата Bentley, т.е. нивната
платформа Micro Station. Andrea Garzon,
водачот на тимот CREA во овој проект,
го истакна значењето на Micro Station за
целиот проект: Оваа апликација е од клучна
важност за успехот на нашите модели
затоа што без неа не би имале можност
успешно да работиме со огромна
количина податоци кои ни беа неопходни за
добивање на употребливиот модел. CREA ни
овозможи да добиеме комплетен преглед
на загрозеното подрачје и сите неопходни
географски информации со неверојатна
прецизност, прилагодливост и брзина.
CREA во својата работа користеше и
математички модел Meflag за да направи
симулации на високи плими во лагуната.
За да го реши проблемот со внесувањето
на голем број податоци, CREA разви две
вертикални апликации кои заедно работат
на Micro Station платформата: PreNet и
PostNet. Garzon и неговиот тим развија
шематски приказ на Венецијанската
лагуна на кој ја претставија комплетната
морфологија на островите, каналите,
објектите и сите критични места на
неплански наноси на тиња и деградација
на морското тло. Исто така, во шемата
се вклучени податоци за длабочината на
морето, брзината и правците на морските
струи во лагуната итн. Garzon ја истакна
предноста на користењето на Micro Station,
затоа што се зборува за многу комплексен
модел на физиономија на тлото што е
настанато поради многу различни влијанија
на човечките и природните фактори, а овој
софтвер можеше да пружи и GIS податоци.
Загадувањето е еден од најголемите
проблеми на Венецијанската лагуна. За
контрола на загадувањето е користен
CREA 2D модел на конечни елементи.
Специјализираниот тим задолжен за
овој дел од проектот беше предводен од
професорот Alberto Zirino од универзитетот
во Сан Диего во Калифорнија.
CREA отиде и чекор подалеку со
истражувањето на можноста за поврзување
на моделот со сателитски снимки. Така
на пример, сателитските податоци за
температурата се користени како гранични
зададени вредности за температурата во
моделот на конечни елементи.
Уредувањето на талогот на тиња и солените
седименти кои под дејството на природната
ерозија и изградбата на каналите речиси ги
затрупаа некои делови од каналот, свртувајќи
ги со тоа морските струи кон површината,
исто така е многу важно за зачувување
на Венеција. При реконструкцијата на
лагуната, Венецијанската дирекција за вода
нема премногу да се грижи обликувањето
на морското дно да го врати во неговата
првобитна форма. Симулацијата ќе има
за задача да утврди најдобро решение
за дното, за водните струи да имаат што
попозитивно влијание на екосистемот на
лагуната и истовремено, што помалку да ги
загрозуваат конструкциите на објектите.
Наталија Новаковиќ Добревска