Насловна / Вести / Турција ја завршува првата фаза од изградбата на 900 километарскиот ѕид на границата со Сирија

Турција ја завршува првата фаза од изградбата на 900 километарскиот ѕид на границата со Сирија

Turski zid na granicata so Sirija2

Според најавите, Доналд Трамп се подготвува за изградба на ѕид помеѓу САД и Мексико, но Турција веќе сериозно напредува во изведбата на ѕидот долж границата со Сирија. Веќе е завршена првата фаза од 556 километри од вкупната должина на ѕидот помеѓу двете земји од 911 километри. Турција верува дека со овој потег ќе ги спречи бегалците и криумчарите да влегуваат во земјата. Остатокот од ѕидот треба да биде завршен до есен, со што оваа би била втора најдолга конструкција во светот веднаш зад Кинескиот ѕид кој е долг 3460 километри.

Turski zid na granicata so Sirija

Се проценува дека од почетокот на војната во Сирија во 2011 година, над пет милиони бегалци заминале во соседните земји, а речиси три милиони од нив бараат азил во Турција.

Turski zid na granicata so Sirija1

Граничниот ѕид со Сирија се состои од модуларни бетонски блокови од кои секој тежи по 14 тони, додека на врвот се наоѓа 60 сантиметри бодликава жица. Кога ќе биде завршено, ова утврдување ќе вклучува 67 армирани одбрамбени кули и околу 100 километри осветлени делови. Сепак, со планираната должина од 1600 километри, ѕидот меѓу САД и Мексико би бил рангиран како втор во светот пред турскиот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top