Насловна / Вести / Провалена црква во Галичник

Провалена црква во Галичник

rsz_галицник
За време на божиќните празници непознати сторители провалиле во црквата „Свети Петар и Павле“ во мијачкото село Галичник. Од првичниот увид констатирано е дека провалниците не успеале да украдат ништо.

Од СВР Тетово велат дека во црквата е влезено со кршење на катанецот и бравата на влезната врата, потоа биле разбиени кутиите во кои верниците оставаат подароци и олтарот на црквата. Полицијата води истрага во која треба да биде утврдено што всушност барале провалниците.

Изминатата година во регионите на Мала и Голема Река беа регистрирани над 50 кражби во верски објекти. Тогаш настрадаа црквите во Лазарополе, Сенце, Росоки и Тресонче од каде што беа украдени над сто икони. Сторителите сè уште не се познати и се трага по нив.

Испрати коментар

Scroll To Top