Шестата регионална конференција под името „Индустриска енергетика и заштита на животната средина во земјите од Југоисточна Европа“ ќе се одржи од 21 до 24 јуни 2017 година на Златибор во Србија.
По повеќе од 20 години од одржувањето на првата конференција на Друштвото на термичари под името „Индустриска енергетика“ и после пет успешно одрганизирани настани под името „Индустриска енергетика и заштита на животната средина во земјите од Југоисточна Европа“, организaторите очекуваат добра посетеност и квалитетни научни и стручни трудови.
Оваа конференција е особено атрактивна за размена на искуства и консултации во решавањето на стручните предизвици помеѓу инженерите од енергетските компании во регионот.