Насловна / Архитектура / Детски центар од архитектонското студио JYA-RCHITECTS

Детски центар од архитектонското студио JYA-RCHITECTS

SONY DSC
Објектот за детскиот центар, сместен на крајбрежјето во јужно-кореанско селце, е дизајниран како замена на центар со иста намена, срушен од ураганот во 2012-та.
SONY DSC
При конципирање на основната идеја за проектот, архитектите од студиото JYA-RCHITECTS користеле цртежи изработени од локалните деца, од кои најголем дел прикажувале објекти во форма на куќа. Како одговор на цртежите и „барањата“ на децата, архитектите дошле до креација на двокатен центар, проследен со цик-цак секвенци на калкански кровни профили, на кои дополнително им се додава кровна тераса и лизгалка.
SONY DSC
Целокупниот простор при развојниот процес на дизајнирање е креиран на начин да создаде неочекувани, интересни простори и разни занимливи сцени кои би ги заинтригирале младите корисници на центарот.
SONY DSC Gangjin Children_ Center  (10) Gangjin Children_ Center  (9) SONY DSC SONY DSC Gangjin Children_ Center  (3) SONY DSC

Испрати коментар

Scroll To Top