Турција сериозно го зајакнува електроенергетскиот сектор, односно со нови инвестиции настојува да ја подобри енергетската сигурност и независност. Во 2013 година Турција приклучила на електроенергетската мрежа нови електрични централи со вкупна инсталирана моќност од 6.986 -таMW. Од нив, 52,2% се термоцентрали на јаглен или природен гас, 37,4% се хидроценрали, 7,1% ветерни централи, а останатите 3,2% се состојат од биомаса, биогас и геотермални извори.
Извор: Energia