Во 1977 година е формирана
фирмата ричард роџерс и
партнерите, која следната
година победува на
конкурсот за седиштето на
компанијата Лојд во Лондон (1979-
86). Исто како и кај центарот во Париз,
и овде се следи скулптуралната
експресионистичка линија на хај-тех
архитектурата. Објектот е конципиран
за да ја изразува постојаната
експанзија на компанијата, што значи
дека може да се доградува чекор по
чекор со додавање или одземање на
елементи, без да се наруши неговиот
интегрален архитектонски израз.
Тоа
барање е задоволено со создавањето
на т.н. долготрајна централна зона
(хол по целата височина од 12 ката)
итн. краткотрајна странична зона, која
ја содржи технологијата. Оваа идеја за
постојана променливост е изразена
преку постојаното присуство на
крановите, кои се составен дел од
архитектонската композиција.
Ричард Роџерс (1933-) без двоумење
се труди да ги спроведе во практика
револуционерните идеи на групата
Архиграм, така што за Лондон предлага
урбанистички проект на иднината.
Тоа е еден вид лунарен парк, при
што железничките линии би биле под
кејот на реката Темза, а автопатот под
самата река. За Роџерс, социјалниот
концепт, технологијата и формата
се неделиви, така што развива нов
простор кај конкурсниот проект за
форумот во Токио (1989), како место
за средби на голем број граѓани. Со
овој проект, фантастичните идеи на
групата Архиграм се доведени пред
реализација.
Судот за човекови права во Стразбур
(1989-95) има концепција произлезена
од јавната природа на објектот,
неговото симболично значење и
од неговата местоположба покрај
речната кривина. Иако технолошката
компонента во овој објект е
секундарна, сепак таа е јасно
присутна во неговата структура. Во
композицијата доминираат косо
засечените цилиндри во кои се
сместени салите и хоризонталата
од канцелариските катови, кои се
терасесто распоредени еден над
друг.
Со авангардната високотехнологи-
зирана архитектура, Роџерс освојува
голем број архитектонски награди и
стручни признанија. Меѓу наградените
оставурања спаѓаат и следниве:
– Зградата Зофенстер во Берлин
(1990) е предвидена да се смести
на значајна локација за обединетиот
Берлин, односно меѓу железничката
станица ,,Зоолошка градина” и
трговскиот центар. Со цел да стане
еден вид урбана доминанта на
Берлин и да ја обележи главната
пешачка зона, овој објект е замислен
како највисок во градот, со видиковци,
ресторани, хотел итн. Две сервисни
кули заземаат важни позиции на
надолжната фасада и формираат
динамична силуета;
– Конкурсниот труд за урбанистичкиот
потег Потстдамер-Лајпцигер плац
во Берлин (1991) е направен со цел
празниот простор од 1.000.000 м2 да
се претвори во динамичен животен
простор со можност за сместување
на различни содржини. Ричард
Роџерс предлага една рамка за
флексибилен развој на местото, при
што одново ги воспоставува формите
на некогашниот Потсдамер плац. Тој ги
решава сообраќајните проблеми со
воведување на нови насоки на јавниот
сообраќај и со голема промена во
транспортот. Доколку се спроведе
неговата интегрална стратегија,
потрошувачката на енергија би се
намалила за 40%; и
– Милениумската купола во Лондон
(1996-99), која е подигната со цел да
се одбележи преминот од ХХ во XXI
век. Таа има едноставна концепција,
која наликува на огромен шатор со
плексигласен покрив од 100.000 м2,
кој со помош на сајли е обесен на
12 челични јарболи. Околу куполата
се распоредени единиците со
потребните технички уреди за
функционирање на објектот. Со
таквата едноставна концепција, се
нагласува циркуската карневалска
атмосфера, односно целта за која и
е наменет овој објект.