Насловна / Порта3 / Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 3

Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 3

britanija4.jpgПроучувајќи го општиот развој на архитектурата, видливо
е дека во средината на 60-тите години на ХХ век,
за време на поп-артот, се појавува една утописка
,,вонинституционална” архитектура, која би можела
да се нарече деконструкција. Протагонисти на таа
архитектура во Велика Британија се членовите на групата
Архиграм, меѓу чии лидери е Питер Кук. Всушност, во времето на
технолошката еуфорија од 70-тите години, групата Архиграм има
особена важност за европската архитектонска сцена. Нејзиното критичко откровение на еден суперфутуристички фантастичен
свет е позитивно протолкувано од многу архитекти.

Од оваа хај-тех архитектонска насока произлегуваат двајца
значајни архитекти од Велика Британија, кои подоцна делумно ги
реализираат идеите на групата Архиграм. Тоа се Ричард Роџерс
и Норман Фостер. Тие, заедно со Џејмс Стирлинг, доминираат
на архитектонската сцена од крајот на 70-тите до почетокот на
90-тите години.

 

Помладата архитектонска генерација добива нова стимулација
од архитектите, што доаѓаат од другите европски земји. Тоа
најмногу се однесува на Леон Крир (1936-), кој од Луксембург
доаѓа да работи во Лодон. Нему принцот Чарлс му ја припишува
,,тајната помош” за спас на англиската архитектура.

 

britanija5.jpgНаспроти неговиот учител Стирлинг, Леон Крир прави филозофија
од архитектонските фасади и од уметничките занаети на XIX
век, за што најдобар пример претставува неговиот проект за
реконструкција на станбениот блок Ројал минт сквер во Лондон
(1975). Применетата постапка за негово проектирање Чарлс
Џенкс ја нарекува контекстуализам.

 

Џејмс Стирлинг (1926-92), по дипломирањето и усовршувањето,
во 1953 година станува помошник во фирмата Лајонс, Израел
и Елис, каде што го сретнува Џејмс Гоуен со кого има ателје
од 1956 до 1963 година. Меѓу неговите први значајни дела спаѓа
Инженерскиот факултет на Универзитетот во Лестер (1959-63),
кој заедно со Џ. Гоуен го конципираат со видлива бруталистичка
структура, при што во изгледот јасно се читливи одделните
функционални целини. Сличен пристап Стирлинг има и при
конципирањето на Историскиот факултет на Универзитетот во
Кембриџ (1964-67). И двата објекти на извесен начин повторно го
откриваат рускиот конструктивизам.

 

Од 1971 година, Стирлинг за партнер го има Мајкл Вилфорд,
со кого соработува до крајот на својот живот, така што тие
заедно прават голем број дела. Во првиот период од нивната
соработка се задржани основните поставки на брутализмот,
при што искреното прикажување на материјалот и техничката
структура е збогатено со силни колористички ефекти. Формите
се навидум неправилни, но всушност тие произлегуваат од
логичната функција и од поврзаноста со непосредната околина.
Пристапувајќи кон решавањето на функционалниот склоп на
објектите, Стирлинг се раководи од поставката дека методата
води кон формата, поради што сложениот состав на објектите
го разработува во аксонометриски приказ гледан одгоре, така
што самата форма ја зема за содржина на одделните делови
на објектот.

 

Уште во своите порани дела Стирлинг покажува
необичен интерес за урбаниот простор и за историјата, што
како теми стануваат особено актуелни во 70-тите години.

 

За разлика од другите постмодернисти, како што се Мајкл Грејвс
и Чарлс Мур, Стирлинг никогаш не ја употребува историјата
како едноставна декорација, туку како поле за истражување.
Неговите ,,позајмувања” од историјата секогаш се подредени на
вкупната проектна постапка, односно тие претставуваат еден вид
урбана обнова, која користи помошни форми произлезени од
нарушената урбана околина.

 

Творечкиот пристап на Стирлинг и Вилфорд, најдобро го
илустрира доградбата на Државната галерија во Штутгарт,
Германија, која е изградена според нивните проекти од вториот
круг на конкурсот (1977). Во просторниот склоп јасно е видлив
распоредот на волумените на релацијата старо-ново, при што
основната филозофија на постариот објект на нов начин се
интерпретира во доградбата. Во изгледот на доградбата јасно е
читлив градежниот материјал, употребен и на постариот објект,
но на еден нов начин и со друга текстура. Челикот, како нов
градежен материјал, што не може да се поврзе со стариот објект,
структурално и колористички создава јак и навидум противречен
архитектонски склоп.

 

Испрати коментар

Scroll To Top