Мастерпланот развиен за дистриктот во кој се наоѓа објектот „ MAD Building“, наречен Opera Quarter, претставува резултат на интернационален конкурс одржан во 2003 година, на кој „Баркод“ концептот на архитектонските студија MVRDV, A-lab и DARK Arkitekter бил избран како победничко дело.
Барањата биле волумените да се простираат долж целата локација, да имаат четириаголна форма и да се специфицираат со униформни материјални експресии. Така, се формирал концепт на изградени блокови кои дефинираат надворешна мрежа на јавни пасарели.
Произлезен од претходно наведениот концепт, објектот „MAD Building“ е еден од „највитките“ апартмански блокови. Димензиите на оваа 15-катна конструкција изнесуваат 7,8 x 90 метри, а во нејзината најтенка точка, ширината достигнува изненадувачки 6 метри. Високостандардизираните урбани апартмански простори овозможуваат изложување на природно дневно осветлување и меѓусебна поврзаност во целокупниот контекст.
Дизајниран со одмерен хармоничен стил, диригиран од високи предуслови и регулации за одржување на сопствениот квалитет, објектот на уникатен начин целосно се претопува во „баркод“ концептот на дистриктот.