Насловна / Арт и дизајн / Лустери кои потсетуваат на свилени бомбони

Лустери кои потсетуваат на свилени бомбони

Со развлекување на стаклената маса, токму онака како што се прават свилените бонбони, се реализира ова необично осветлување.

Фирмата Bocci, која се занимава со производство на необични парчиња на светлечки тела, ја претстави новата серија на производи со име 87, која ја дизајнираше нивниот креативен директор Омер Арбел.лустери_1

За да се добие производ од серијата 87, парчињата стакло се истегнуваат под точно одредена температура. Секое парче се развлекува најмалку десет пати и секојпат со оваа постапка се задржува воздухот, така што ситните меурчиња остануваат заробени во стаклената маса давајќи на структурата седефест сјај.лустери_2

Инспирацијата за овој принцип за изработка на осветлување, дизајнерот Омер Арбел ја добил за време на неговиот престој во училиштето за производство на стакло Пилчак, каде гледал како работат врвните дувачи на стакло. лустери_3Тој дошол на идејата за изработка на новата линија на осветлување да се угледа на нив, но, исто така, на еден контролиран и грациозен начин да ги примени и движењата и начините што се користат од страна на производителите на свилените бонбони и нудли, пишува Dezeen.

Испрати коментар

Scroll To Top