Насловна / Вести / Уставен суд против „барокноста“

Уставен суд против „барокноста“

Градскиот трговски центар, Македонската опера и балет и Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ нема да добијат т.н. „барокна“ фасада. Уставниот суд денеска со мнозинство гласови одлучи да поведе постапка за испитување на членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.gtc1

Во јуни минатата година, владата овие објекти ги прогласи за објекти од посебен интерес и ја зеде ингеренцијата за нив од општина Центар. Решението за поведување постапка, Уставниот суд треба да го прати до владата и до Собранието, а институциите треба да одговорат во рок од 30 до 40 дена. Откако ќе ги добијат одговорите, уставните судии ќе гласаат дали членот 50 ќе биде укинат.

Испрати коментар

Scroll To Top