Реномираната куќа за убавина „Сисли“ отвори импресивен простор Maison Sisley во срцето на Париз, каде што може да се доживее луксузното искуство на нега и релаксација.
Се работи за објект кој се протега на 360 квадратни метри, кој е прв од ваков вид во Париз, од основањето на куќата „Сисли“ во 1976 година.
Овој елегантно декориран простор е збогатен со детали од приватната уметничка колекција на семејството D’Ornano, основач на куќата „Сисли“.
Сите посетители може да ги испробаат препознатливите „Сисли“ третмани кои се спроведуваат во пет елегантно опремени простории. Секој од понудените третмани е специфично осмислен со цел да се изведува за одредена проблематика на кожата и телото. Посебно внимание е посветена на lounge просторијата, каде што клиентите чекаат за третман.
Isabelle D’Ornano посака овој простор да личи на удобна дневна просторија каде што сè е подложно на удобност и релаксација. Се внимавало на секој детаљ. Од рачки на вратите во форма на женско тело, а која била инспирирана од скулптурата на полскиот скулптор Бронислав Кристоф, до рачно изработен тепих од свила и волна донесен од Индија.
Во центарот има место и за Sisley Café, кое е резервирано исклучиво за клиенти на центарот. Уредувањето е делумно инспирирано од популарниот производ на „Сисли“, Sisley Lip Twist. Конечно, тука е продавницата каде што можат да се најдат сите новитети на куќата, од препаративна и декоративна козметика па се до парфеми.