Насловна / Вести / Новиот лик на стадионот Грбавица во Сараево

Новиот лик на стадионот Грбавица во Сараево

Grbavica Ivica Osim

Почесниот претседател на сараевскиот фудбалски клуб „Железничар“ Ивица Осим, во саботата на 1 април, свечено ја отвори новоизградената источна трибина на стадионот Грбавица во Сараево, со 4266 места за седење. Полните трибини ја поздравија најголемата жива легенда на клубот. Источната трибина е отворена по само три и пол месеци од започнувањето на работите.

Grbavica stolici

Изградбата, која чинела 900.000 евра, во голема мера ја финансирале самите навивачи но и пријателите на клубот од земјата и регионот преку оригиналната акција „Купи седиште за европска Грбавица“ (Kupi stolicu za evropsku Grbavicu). Купени се 666 десетгодишни влезници по цена од 500 евра.

Grbavica

Овој стадион датира од доцните 40-ти години на минатиот век кога во повоено Сараево стадионот се градел со голем ентузијазам и активно учество на тогашната ЈНА. Во 1968 година стадионот претрпува посериозна реконструкција која завршува во 1976-та со свечено отворање и прв одигран натпревар под рефлектори. Северната трибина била изградена во 1986 година. Во текот на војната во БиХ во деведесеттите, стадионот претрпува сериозни оштетувања. Сепак, со последната акција донекаде е вратен стариот сјај и пристоен капацитет (вкупно 13.499 седишта) на овој култен стадион за навивачите на популарниот „Жељо“.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top