Портретот на поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг, дело на американскиот уметник Енди Ворхол, е продаден во Хонг Конг за 12,6 милиони долари, објави аукциската куќа „Сотеби“.
Според организаторите, првично се очекувало сликата да биде продадена за 15 милиони евра. Сликата е продадена на приватен колекционер од Азија.
Ворхол почнал да ги слика портретите на Мао Це Тунг во 1972 година, кога се подобриле односите на Кина и на САД по посетата на тогашниот американски претседател Ричард Никсон на Пекинг.