Признатиот кинескиот уметник Аи Веивеи, во рамките на својот најнов проект ќе изгради стотици огради и инсталации низ Њујорк. Се работи за инсталација наречена Good Fences Make Good Neighbors.
Во овој контекст ќе има десетина централни дела, како и помали работи кои ќе можат да се најдат во разни квартови, кои ќе бидат поставени на локации во Менхетен, Квинс и Бруклин.
Ова ќе биде, исто така, и досега најголем проект во јавен простор, и еден вид на авторски став за сите изразени актуелни национализми, како и се поголемиот број на затворени граници за мигранти, бегалци, жртви на војната и глобализацијата.
Инсталацијата ќе биде поставена на 12 октомври оваа година и ќе трае до 11 февруари 2018 година.