Насловна / Екологија / MOL отвора еколошка бензиска пумпа во Будимпешта

MOL отвора еколошка бензиска пумпа во Будимпешта

800_b4mhf9_Istenhegyi_ut_6
Над 50% заштеда на енергија, користење на алтернативни енергетски извори, намалување на емисијата на стакленички гасови и користење на рециклирани материјали. Тоа е концептот на новата бензиска пумпа на компанијата MOL, направен во согласност со принципите на одржливиот развој.

Оваа бензиска пумпа докажува дека еколошката свест и современиот дизајн не се противречни. Долг период оваа компанија ги истражува начините за намалување на потрошувачката на енергија и намалување на негативното влијание врз животната средина.

Иако цената на изградбата на бензиските пумпи со овој нов концепт е повисока за 20% во однос на класичните, остварената заштеда е над 7.000 м3 гас годишно, и 120.000 kWh електрична енергија. Групацијата MOL планира отворање на нови бензиски пумпи со примена на слични иновативни решенија.

Извор: reciklirajte.me

Испрати коментар

Scroll To Top