Насловна / Архитектура / Враќање во осумдесеттите – хотел „Joke“ во Париз

Враќање во осумдесеттите – хотел „Joke“ во Париз

Hotel Joke Pariz vlez

Во непосредна близина на Мулен Руж и Монмартр, се наоѓа еден од највеселите хотели во Париз. Хотелот „Joke“ е вистински спој на францускиот шик и детската разиграност. Дизајниран од страна на славниот архитект Philippe Maidenberg, овој хотел е сопственост на хотелскиот ланец Astotel Group. Како инспирација за хотелот, несомнено послужиле спомените од детството во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век .

Hotel Joke sala za pojadok

Од светлиот ентериер па до единствените украси, овој современ хотел ќе Ве натера да се чувствувате среќни и безгрижни како деца, додека уживате во убавините на Париз. Токму онака како што треба да се чувствувате кога сте на одмор.

Hotel Joke enterier1

Заедничките простории во хотелот исполнети се со шаренило, детски играчки, книги и садови со колачиња. Сите маси имаат интересен дизајн инспириран од друштвените игри. Во изработката на мебелот, користени се многу природни материјали, а минимум пластика. Цената за ноќевање со појадок не надминува 90 евра.

Hotel joelix-joke-hotel-paris-astotel-2 Hotel Joke soba Hotel joke enterier Hotel Joke nnavecer

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top