Насловна / Архитектура / Солитерот на „Генекс“, најуспешната фирма во СФРЈ, денес пуст и празен

Солитерот на „Генекс“, најуспешната фирма во СФРЈ, денес пуст и празен

Genex kula2

Архитектонското богатство – солитерот на „Генекс“ веќе четири децении е еден од главните ориентири во Белград. Од ресторанот на врвот од објектот се пружа прекрасен поглед не само на Белград, туку и на поширокиот регион. Познатата „Западна Капија“ на Белград, била подигната за некогаш најголемото претпријатие во СФРЈ, и претставувало симбол на главниот град и единствено архитектонско чудо.

Genex kula1

Изградена е од две кули кои се издигнуваат над Нов Белград, а оваа година полни точно 37 години. Нејзините надворешни контури и раскош денес претставуваат културно наследство. Првата кула се состои од 30 ката, а другата, што е поблиску до автопатот, има 39 нивоа со ресторан на врвот. Овој локал претставувал посебна атракција, но во моментот, за жал, не работи. Кулите се споени на врвот со двоетажна пасарела.

Kula genex zabja perspektiva

Проектот е дело на еден од најпризнатите југословенски архитекти – Михајло Митровиќ. Фасадата е изработена наизглед грубо, во натур бетон, и припаѓа на архитектонскиот правец брутализам кој особено е развиван во периодот 1954 – 1970 година. Сите канцеларии биле осмислени по системот „open space“, со цел лесна промена на ентериерот во иднина.

Kula gemex denes

Денес овој објект е пуст и празен. Нов сопстевник се бара веќе 15 години. Неколку пати е нудена на пазарот по цена од 15 милиони евра.

Kula Genex pogled od nea

Се работи за втор објект по височина во Белград, при што се шпекулира со бројки од 115 односно 119 метри кај различни извори. Во секој случај, повисока зграда е само Деловниот центар „Ушќе“ висока 134 метри.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top