Модата можеме релативно често да ја видиме во разни уметнички проекти, без разлика дали е акцентот на естетиката и стилот на облека или е важна во секундарен контекст.
Еден од последните проекти од овој тип е на шпанскиот фотограф Мигуел Валинас, наречен Ceci n’est pas. Се работи за комбинација на врвни фотографии и современа уметност, а главната цел е да се испита внатрешниот идентитет на луѓето кои често не се видливи. Мигуел Валинас го постигнал тоа така што неживи предмети, како парфем, свет, цвеќиња или ламба, ги става на местото на главата на личноста која е фотографирана.
Уште на прв поглед на овие фотографии, јасно е дека посебно се внимавало на естетската компонента во поглед на модата, бојата и целокупниот стајлинг. Неживите објекти тука може да ги претставуваат нашите неисполнети желби и соништа, но, исто така, и во функција на прифаќање на она што сме.