Хотелот W Verbie е прв во синџирот на хотели W во Швајцарија и е единствено луксузно скијачко престојувалиште во познатото место Вербие, а се наоѓа на една минута прошетка од главната градска гондола која ги носи гостите до скијачките терени.
Хотелот се состои од четири класични куќи поврзани со стаклени ходници, предворја и 124 луксузни соби, вклучувајќи ги и претседателските апартмани и резиденции. Во просториите за посетителите има се што е потребно, вклучувајќи тераса и камин за греење во ладните снежни вечерни часови.
W Verbier нуди импресивни гастрономски специјалитети – ресторан Arola, со главниот готвач Sergie Arola, сопственик на две престижни Michelin ѕвезди. Тука се нуди италијанска кујна со примеси на швајцарски вкус. Гостите можат да уживаат во W Cafe, каде во удобните фотелји може да се ужива или да се потоне во светот на омилените книги, набљудувајќи ги убавите Алпи. Вечерните забави се организираат во Carve bar, лоциран во приземјето на хотелот, со оригинално мени, листа на вино и одлични диџеи.
Тука е и спа центарот Away, кој на гостите им овозможува по долгиот ден на падините на ски патеките, разни третмани и масажи за опуштање и релаксација.