Насловна / Интервју / НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ ПРОЕКТИТЕ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ ПРОЕКТИТЕ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС

zekmanov2.jpgКоста Зекмановски

Добитник на наградата “13 НОЕМВРИ”

 

Во своето повеќедеценискo работно искуство како градежен инженер сте работеле голем број значајни
објекти за подобрување на сообракајот во Скопје,
за што годинава ја добивате наградата “13 НОЕМВРИ”.
Кои би ги издвоиле како поважни?

И самиот не бев свесен колку многу објекти се
нанижале во моето 24 годишно работење во град
Скопје, сè додека не бев предложен за наградата
“13 ноември” и ми беа побарани податоци за тоа што
сум изработил. Во периодот кога се вработив во градот
состојбата со градските сообраќајници беше многу
лоша, па прво бев ангажиран на нивна реконструкција. Дури потоа почнавме со изградба на нови објекти. Градевме и реконструиравме градски мостови од кои
би ги издвоил мостот Близнак на булеварите Србија
и Војводина, мостот во населбата Хром, мостот кај
транспортниот центар, подвозникот на клучката кај
“Континентал”, санацијата на мостот “Гоце Делчев”
со француската фирма “Фресине”. Од крстосници
сум работел на клучките кај Бит пазар, “Континентал”
и Судска Палата, крстосницата кај момин поток во
соработка со Нато и Министерството за Транспорт и Врски, крстосницата на булеварите Србија и Асном,
на реконструкција на естакадата во Автокоманда и на
многу други.

zekmanov.jpgКога се зборува за сообраќајот прва асоцијација е дека Скопје е задушен град. Што е причината за тоа? Се предлагаат ли некои решенија?
По земјотресот во поглед на сообраќајните решенија
Скопје почна да се преобразува во модерен град
со многу силно темпо. Се изградија повеќе нови,
модерни булевари и други сообраќајници, но тие беа
димензионирани за тогашниот квантум на сообраќај.
Во периодот потоа, за жал, не се продолжи со истото
темпо на развој на сообраќајната инфраструктура,
а и како да се задоволивме само со тоа што беше
изградено запоставувајќи го фактот дека полесно е
да се изгради, отколку да се одржува. Така, околу 15
години по овој период на експанзија на новоградба
дојдовме до состојба на повеќекратен нагол прираст
на бројот на возила, кој ги надмина сите дотогашни
прогнози и очекувања. на одреден број сообраќајници
им помина рокот на траење, а се заостануваше во
одржувањето, за што причина беше застојот во развојот
на комуналното претпријатие одговорно за одржување
на сообраќајници. и денационализацијата си ја одигра
својата улога бидејќи се зафатија доста коридори
кои беа приватизирани. На ова треба да се додаде
многубројното и често прекопување без
план, неправилното распоредување
на средствата од регистрација на
моторните возила и од продажбата на
бензините, губењето на коридори за
сообраќајници поради експанзијата во
изградбата на објекти. Сево ова нè доведе
во ваква ситуација. Со донесување
на законот за локална самоуправа
работите почнаа да се менуваат на
подобро, но дистанцата меѓу она што
требаше да биде сработено и прирастот
на сообраќајот, се зголемува од ден на
ден. Сега треба да се работи многу брзо
и многу стручно. Што е можно побрзо
треба да се зачуваат коридорите за
сообраќајници зацртани со ДУП-овите и ГУП да не бидат напаѓани од новоградби,
денационализации и слично. треба да се
изнајдат и нови, помодерни решенија,
како што се кружни крстосници,
корстосници во две и повеќе нивоа, и што
е најважно, на време да се обезбедат
потребните материјални средства.

Скопје има големи проекти кои повеќе децении не се до крај реализирани.
Пример е Јужниот Булевар, проектиран како важна сообракајна артерија
која во голема мера требаше да го растовари метежот. Што се случува со овој проект?

Јужниот Булевар кој може да се смета
за еден од поголемите негативни
примери требаше да оди до
драчево, но реализиран е само во мал
дел, на местото каде што беа колосеците
на старата железничка станица. Овој
многу важен објект не е изведен целосно
од причини што ги наведов претходно.
Во меѓувреме на неговата траса се
појавија повеќе објекти, како на пример
“Рамстор” и повеќе дивоградби, за кои
не сум сигурен дека во меѓувреме
не се и легализирани. Според мене,
потребно е преиспитување на проектните
решенија за трасата на булеварот кои
веќе не одговараат на сегашната теренска состојба и
изнаоѓање на средства, како на пример кредити и друго,
за негова брза реализација. и денес ни е потребен
тој булевар, бидејќи е еден од трите таканаречени
главни трансверзали низ Скопје, заедно со булеварите
партизански одреди и илинден. Затоа, ние не сме
се откажале од него, се размислува и се работи на
тоа, но треба да се има предвид дека станува збор за
голем проект, за кој се потребни огромни материјални
средства и подолг временски период за реализација. за
жал, мандатите на градоначалниците се четири години,
често се менуваат гарнитури и сето тоа создава одреден
застој. Инаку, стручните служби во градот се подготвени
и доволно обучени за да можат да ја реализираат секоја
задача.

 

Имате успешна реализација на голем број мостови и надвозници. Колку е сложена таа работа и дали двете страни на скопје се соодветно поврзани?

Би сакал да се присетиме дека во периодот од
седумдесетите години, поточно од изградбата
на мостот гоце делчев, па до донесувањето назаконот за локална самоуправа во 2004-2005 година во
Скопје не беше изграден ниту еден мост, иако со брзиот
развој на градот потребите рапидно растеа. не може
да се градат сообраќајници, а да не се премостува
Вардар. Сигурно, една од причините за тоа што толку
долг период не се градеа мостови е и сложеноста на
процедурите и чинењето на објектите. Во првиот мандат
по донесувањето на законот и новата територијална
поделба на градот, прво се зафативме со евиденција и
преглед на сите мостови, подвозници и надвозници за да
видиме во каква состојба се. Од тоа произлезе потреба
за брза санација на објектите за да не дојде до нивна
поголема деградација. Потоа, како прв мост по толку долг
период го изградивме вториот дел од мостот близнак, кој
требало да се направи уште кога се изградил првиот. тоа
како да беше доволен показател за градоначалниците и
за другите субјекти дека сепак постојат кадри, знаење и
средства во градот и работите набрзо добија посилно
темпо. Се изградија повеќе мостови и подвозници, а во
план на градот е во најскоро време да се изгради мост
во нерези во склоп на булеварот илинден. Порачани се
проекти и за уште два-три моста. Веќе може да се каже
дека Скопје станува град на мостови.

 

Вие сте помошник на раководителот на секторот за изградба и уредување на град скопје, каде што сте одговорен за капитални инвестициони објекти.
Какви големи инвестиции реализирал градот последниве години и какви планови има?

Последниве години ја направивме спортската
сала “Борис трајковски” до карабина, а потоа ја
доврши Владата. Многу важен е и еден заокружен
сообраќаен прстен кој за мое големо задоволство
успеа да се заврши до крај, иако во почетокот изгледаше
многу голема задача. Тој е составен од крстосницата кај
Судска палата, која е проширена и со тоа ѝ е зголемен
капацитетот за прием на возила, булеварот Гоце Делчев
пред МРТВ, мостот кај транспортниот центар, клучката кај
“Континентал” и клучката кај Бит Пазар..

 

Вие сте зачетник и главен реализатор на идејата за ажурирање и дигитализација на документацијата за сите мостови во надлежност на град Скопје и
формирање на банка на податоци. Дали таа банка е веќе комплетирана и какво е нејзиното значење?

Пред 10 до 12 години во соработка со изиис ѝ
дадов иницијатива на тогашната градска власт
да се формира банката. Идејата се прифати и
почна изработка на банка за податоци за сите мостови,
натпатници, потпатници на пошироката територија на
градот. Тогаш беа регистрирани 38 објекти. Податоците
се обработени и прикажани во книга и во дигитална
форма. Работата не беше ни најмалку лесна бидејќи
прво моравме да пребаруваме по депоата на неколку
институции во градот, каде поради честите преселби и
недоволната грижа успеавме да најдеме поголем дел,
не сè за сите објекти во градот. Банката на податоци е
заштитена со тоа што е депонирана во државниот архив,
каде што се наоѓа и денес. не можам да кажам дека е
целосно комплетирана, но има податоци за постоечките
објекти во онаа мера во која се најдени информации, а
се надградува со секој нов објект.

 

Има ли намера градот конечно да го среди подземниот катастар?

Таа идеја никогаш не нè напуштила, но тоа е работа
што ако не се сработи на време многу е тешко да
се направи, особено не целосно. но, никогаш не е
доцна иако се потребни многу материјални средства.
Сметам дека треба што е можно побргу да се започне
со оваа активност, бидејќи од контакти со луѓе со кои
сум работел знам дека постојат податоци, но за жал,
расцепкани по институции, дури и по личности. има
луѓе кои имаат во глава многу податоци за тоа што
го работеле. на пример, еден човек кој 30 години бил
раководител на пункт за водовод и канализација има
многу повеќе податоци во себе, отколку целото јавно
претпријатие. потребно е сите да се соберат на едно
место, да се обработат и да се направи таа банка на
податоци. треба да ни биде јасно дека таа никогаш
нема да биде целосна затоа што има нешта за кои
податоците се закопани во земја и не можат да се видат
и да се избројат. Според законот за градење никој не
може да добие дозвола за градење ако меѓу другото не
приложи и документи за подземните инсталации, а такви
издаваат сите комунални претпријатија и сите надлежни
институции. и без катастар се обезбедуваат доволно
податоци, но се бараат од повеќе места, како ЕВН, Пошта… не се собрани во еден центар во градот.

 

Светлана Вукчевиќ

Испрати коментар

Scroll To Top